Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милошоски, миленичето на Каракачанов, живеел на таванот на бугарското ВМРО  

0
By Нова ТВ on November 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако на Анотнио Милошоски навистина му е дојдено до патриотизам и до претворање во заштитник на националните интереси на државата, тогаш логично ќе беше до сега да повика на оставка на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, оној кој во изминатите неколку месеци искажа сериозни навреди кон македонскиот народ и македонскиот јазик, дури и со извртување на тези и историски факти.

Но, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Милошоски, не смее ни да го спомене името на Каракачанов, не пак да го повика на оставка затоа што е негов студент, односно Каракачанов го имал Милошоски под свое додека студирал во Софија.

Студентот живеел на таванот на ВМРО во Бугарија и од тогаш е верен следбеник на бугарската кауза. Овие информации во јавноста ги потврдува Красимир Узунов, уредник на бугарската новинска агенција Фокус.

Узунов во изјавата ги упатува новинарите кај Каракачанов да го прашаат како ВМРО го одгледала македонскиот политичар и како го задоила да биде заштитник на бугарските интереси.

Затоа овој уредник од Софија вели дека Милошоски не може пред македонската јавност да зборува дека двете држави потпишале лош договор, штетен за македонската држава.

Да потсетиме дека Милошоски се фотографира со знамето на Бугарија кога му се укажува прилика за тоа, а често го има и на слики со лица од опкружувањето на Каракачанов. Сигурно во личната фото архива има и слики со вицепремиерот на Бугарија, од студентските денови до денес.

На фотографијата, која е дел од овој текст, Милошоски е сликан со Љупчо Ѓорѓиевски, лидер на патриотското здружение „Тодор Александров“ и со десетици приврзаници на Каракачанов и бугарското ВМРО, а на другата фотографија е Ѓорѓиевски во придружба на Каракачанов.   Затоа потегот на Милошоски да глуми патриотизам во парламентот е вистинско политичко лудило.

Затоа неговиот обид за дискредитација на Договорот со Бугарија и наметнување на погрешен дискурс во јавноста се очајнички обиди да се престави како голем Македонец, што е неможно кога фактите и вистината го прават милениче на Каракачанов, а со тоа и на бугарската држава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.