Вашингтон: Американскиот министер за здравство и социјални услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, изнесе шокантно признание за своето минато поврзано со дрогата како гостин во подкаст.
Зборувајќи за својата борба со зависноста, Кенеди откри претходно непознати детали.
Во разговор со комичарот Тео Вон во подкастот „This Past Weekend“, Кенеди раскажа како се запознале двајцата.
Со години сме на патот кон закрепнување заедно, рече Кенеди, на што Вон потврди дека се среќавале на утринските состаноци на лекуваните зависници дури и пред пандемијата на коронавирусот.
Кенеди, кој е „трезен“ повеќе од 40 години, потоа продолжи да зборува за тоа како формирал „пиратска“ група за време на пандемијата која продолжила да се состанува и покрај ограничувањата, што го навело да направи изненадувачко признание.
Кога се собравме, реков: ‘Не ми е гајле што ќе се случи, ќе одам на состаноци секој ден’. Не се плашам од вирусот, порано шмркав кокаин од WC школката. Знам дека оваа болест ќе ме убие ако не добијам третман, а за мене тоа значи одење на состаноци секој ден. Без него, мојот живот е завршен, рече Кенеди.
Потоа накратко разговараа за закрепнувањето, пред да преминат на други теми, вклучувајќи ја работата на Кенеди во Министерството за здравство и социјални услуги и неговата кариера како адвокат.




