НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерска конференција во Тирана за укинување на бариерите во туризмот во Западен Балкан

0
By Sashko on May 12, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерска конференција за Западен Балкан насловена „Укинување на бариерите за одржлив развој на туризмот“ ќе се одржи денеска во Тирана, во организација на Регионалниот совет за соработка (РСС).

На конференцијата, ресорните министри од Западен Балкан, претставници од Европската комисија и други релевантни засегнати страни, на четири панели ќе расправаат за состојбите што ги остави пандемијата со ковид-19 во туризмот, како и за подобрување на деловната клима за одржливи инвестиции и на човечкиот капитал во туризмот.

На првиот панел посветен на состојбите предизвикани од ковид-19 ќе се разговара за влијанието на имплементираните мерки, како и за оние кои допрва треба да се преземат за да се решат тековните ефекти од пандемијата врз туризмот. Препораките од овој панел ќе послужат како почетна точка за работата на Комитетот за кризи и закрепнување на туризмот на Западен Балкан.

Вториот панел е посветен на подобрување на деловната клима за одржливи инвестиции во туризмот со фокус на состојбата во туристичките инвестиции во регионот и ќе ги изнесе на виделина главните прашања и препораки за подобрување на деловното опкружување за да се привлечат поодржливи инвестиции во туризмот. На панелот ќе се разгледаат и мерки за отстранување на административните бариери во регионот за патување за авантуристички туризам.

Третиот панел е за подобрување на компетентноста на човечкиот капитал во туризмот и ќе ги разгледа главните предизвици во подобрувањето на вештините, а ќе стане збор и за признавање на стекнатите вештини и дипломи, како и за развивање заеднички професионални стандарди во туризмот во регионот. Ќе се разгледа и подобрувањето на дигиталните вештини како еден од предусловите за работа на современите туристички пазари, заедно со средствата за зголемување на учеството на младите во вработувањето во туризмот.

На четвртиот панел, кој е посветен на иновациите и креативноста во туризмот, ќе се говори за справувањето со барањата на современиот туристички пазар и новите трендови во креативните индустрии со цел да се искористи креативниот потенцијал на регионот во промоцијата, развојот и валоризацијата на туризмот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.