НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството за образование и Синдикатот чекаат пресметкa од Финансии, рокот за медијација завршува во недела

0
By Sashko on May 6, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: integritet.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За зголемување на платите на вработените во образованието за повеќе од 12-те отсто што ги понуди Владата се потребни пресметки од Министерството за финансии за што Министерството за образование и наука сега не располага со податоци, соопшти лидерот на СОНК, Јаким Неделков по денешната рунда преговори со МОН во рамки на десетдневниот рок за помирување кој почна минатиот четврток.

„Доаѓаме до некакви заеднички ставови. Сепак има нијанси на размислување за дополнително зголемување од 12 проценти, меѓутоа кога, за колку, итн., тоа се детали кои сè уште ги утврдуваме, а за жал ниту министерот не може да излезе официјално со став, бидејќи сè уште нема точни информации од Министерството за финансии“, изјави Неделков.

Според него, преговорите може сериозно да бидат нарушени доколку на вработените не им бидат исплатени дневници за деновите кога штрајкувале.

„Доставивме барање или иницијатива до МОН за исплата на дневници врз основа на колективен договор. Имаме основ за тоа и скоро сме сигурни дека ќе бидат исплатени во дејноста образование. За жал, имаме проблем во труд и социјална политика, што може да биде сериозен проблем за нарушување на процесот на преговори“, додаде Неделков.

Првите десет дена законски рок предвидени за медијација за решавање на спорот истекуваат в недела кога ќе има нова рунда преговори меѓу СОНК и МОН.

Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите и ако не се постигне договор односно една од страните не е задоволна, преговорите ќе продолжат за уште десет дена.

На 28 април СОНК соопшти дека штрајкот, кој почна на 11 април, ќе го стави во мирување и наставата ќе продолжи, откако добил известување од Министерството за труд и социјална политика за законска одредба за мирно решавање на спорот со медијација.

„Ќе мора да постапиме согласно закон и штрајкот да го ставиме во мирување. Тоа значи дека одлуката за влегување во генерален штрајк ја ставаме во мирување сè  додека не се реши спорот. Убедени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот. Доколку не се усогласиме со ставовите со ресорното Министерство за образование и наука, штрајкот повторно ќе биде активиран. Се надевам дека до тоа нема да дојде“, рече Неделков минатиот четврток.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.