Вечерва во 18:00 на плоштад Македонија се собираме за заедништво и сочувство, за да се погрижиме едни за други во овие најтешки моменти, пишува од граѓанската иницијатива „Кој е следен“.
Најавуваат во 18:59 часот да започне 16 минутен молк за оддавање почит кон жртвите.
Носете вода и благо – за себе и за секој кому му е потребно. Ако некому му се слоши или почувствува непријатност, редарите ќе бидат блиску за помош. Грижата е заедничка, да внимаваме еден на друг, пишува во објавата на Инстаграм.
Тие апелираат граѓаните да се движат по кејот на реката Вардар, за да не се блокираат улиците додека се уште се носат повредени.
Од „Кој е следен“ велат дека ќе биде мирен собир за заедништво, за оддавање почит и изразување сочуство.
Ќе дојде време за протести на сите улици, но тоа време не е сега. Сега е време за сплотеност и грижа, велат тие.
Во нивната објава стои дека мирниот граѓански собир ќе трае се до 20 часот.
View this post on Instagram