Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Миркуловски и Стоилов се простија со ракометната репрезентација, Лазаров останува уште некое време

0
By Sashko on April 17, 2022 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов вечерва го одиграа последниот натпревар за македонската ракометна репрезентација. И ќе го паметат по убаво прошталниот меч, бидејќи учествуваа во триумфот на „црвено-жолтите“ против Чешка со 27:25 за осми нивни пласман на Светските првенства, во случајот на турнирот во 2023 година чии ко-домаќини ќе бидат Полска и Шведска.

„Ова беше натпревар полн со емоции за мене, бидејќи го играв последниот меч за македонската репрезентација која премногу ми значеше. Но, најважно е дека победивме, ја остваривме целта и се пласиравме на Светското првенство. Ми претставуваше голема чест што 20 години играв за Македонија и во секој настап го давав максимумот. Се надевам дека така ќе продолжат и оние кои надоаѓаат оти мора да се гине за овие бои“, изјави Миркуловски по мечот.

Но, ако неговата одлука за завршување на репрезентативната кариера беше позната, тогаш изненадувачка беше на Стојанче Стоилов кој објави на прес-конференцијата по победата над Чешка.

„Среќен сум што победивме и што се пласиравме на Светското првенство. По 15 години настапи, со гордост објавувам дека ова беше мојот последен меч за репрезентацијата. Не сакам да фаќам место и минутажа на помладите, Пешевски заслужува повеќе шанса. Здравствено не можам да издржам цела сезона, нема одмор, а телото не издржува“, изјави Стоилов.

Селекторот Кире Лазаров ќе биде во улога и на играч уште некое време. Вели има време за простувања, ако се случело вечерва, ќе претставувало дополнителен притисок за него, меѓутоа нагласи дека 90 отсто ќе биде во тренирка до СП 2023.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.