Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мишел на прес конференција со Пендаровски: Очекувам развој многу брзо во билатералниот проблем со Бугарија

0
By Mirjana on June 16, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Принтскрин фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Посветено и многу напорно работиме на претстојниот состанок на Советот на ЕУ да донесеме одлуки со кои следните чекори во однос на проширувањето да се движат во вистинска насока. Посветени сме на прашањето Македонија и Албанија да ги почнат пристапните преговори со ЕУ и сме вклучени со Франција да се надмине билатералниот проблем со Бугарија и во однос на ова прашање очекувам развој многу брзо, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел на заедничката прес конференција со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Мишел не потврди дали има француски предлог до Бугарија, за кое утрово информира премиерот  Кирил Петков и дека тој ќе бил усвоен од собранието,, но замоли да сме  подискретни на неколку дена до самитот со цел успешност на процесот.

„ Сакам да потврдам дека навистина работиме напорно да постигнеме конкретни резултати наредната недела на Советот. Има  три тешки и важни теми: ќе се разговара за ЕУ апликацијата на Украина, Грузија и Молдавија, вториот елемент за кој е важно да се биде сериозен  е да го енергезираме процесот во Западен Балкан, како да се постигнат повеќе резултати и како да стане процесот повидлив. Една платформа да се стави веднаш во акција да се почне да се работи на нешто конкретно. Важно е дека сакаме да го одблокираме процесот со Албанија и Македонија   да почнат преговорите што побрзо, важно е да се одржува темпото и да се биде исклучително активен. На овој Совет ќе направам се за да направиме да се  преземат одлучувачки чекори. Во поглед на Европската политичка заедница , сакам да потврдам дека тоа не е алтернатива за членство во ЕУ , туку нешто што ќе ни биде поттик за соработка  и координација на земјите од европскиот континент каде што има земји и кои не сакаат да се зачленат во ЕУ,  изјави претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

Претседателот Пендаровски ги претстави очекувањата на земјава од претстојниот Совет на ЕУ, земјава да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Рече дека не знаат за никаков предлог на Француското претседателство до Бугарија. Тоа се однесува на координацијата меѓу земјите членки на ЕУ, а она што ние знаеме е дека се одржуваат разговори со Бугарија и во моментов дека разговараме. Не сакам во заклучокот за Македонија да видам параграф дека треба да направите уште ова, бидејќи имаме направено се за да ги почнеме пристапните преговори.

„ Искрено се надевам дека следната недела во Брисел на престстојниот самит, лидерите на ЕУ конечно ќе го исполнат сопственото ветување дадено на Македонија од март 2020  година кога Советот за општи работи едногласно донесе одлука во најкус можен рок да започнат преговорите со Северна Македонија. Со пролонгирање на почетокот на преговорите, се разнишува  кредибилитетот на ЕУ што истовремено значи опаѓање на нејзиното влијание меѓу нашите граѓани. Условувањето на земја членка кон земја кандидат за членство поради билатерални причини, може целосно да ја компромитира политиката на проширување и да прерасне во опасен преседан кој би можел да стави крај на овој процес кој со години важеше за многу важен дел во надворешната политика, изјави претседателот Пендаровски.

Одговарајќи на новинарско прашање на бугарски новинар, претседателот Пендаровски настапи со уверување дека во Мкаедонија и власт и опозиција немаат проблем со тоа да ги вметнат Бугарите во Уставот, но дека тоа не е услов кој би можел да се изполни за една недела туку дека тој би траел во најредовна процедура меѓу 95 и 100 дена. За тоа македонската страна рече Пендаровски ќе бара гаранција и од Бугарија но и од ЕУ, дека ова е последно барање од Бугарија. „Сме се изгореле повеќе пати овде на Балканот, така да не е лошо покрај усно да биде напишано нешто и на хартија“, заклучи македонскиот претседател Пендаровски.

Мирјана Трпческа 

Пендаровски / Мишел прес конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.