НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мишел најави „меѓународна правда“ за одговорните за војната во Украина

0
By Sashko on March 23, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Европскиот Совет (ЕС), Шарл Мишел денеска пред Европскиот парламент изјави дека одговорните за злосторствата извршени во Украина, која Русија ја нападна пред еден месец, ќе се соочат со „меѓународната правда“.

„Русија е одговорна за оваа војна. Русија и само таа. Напади врз цивилно население, врз жени, врз деца, сето тоа се злосторства и одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Тоа во никој случај нема да остане неказнето“, истакна Мишел, обраќајќи им се на европратениците на пленарната седница во Брисел.

„Притисоците кои произлегуваат од војната во Украина ги покажаа силните страни, но и слабостите на Европската Унија (ЕУ)“, порача Мишел.

На пленарната седница на ЕП се разговара за исходот од неформалниот самит одржан на 10 и 11 март и приоритетите за состанокот на Европскиот совет на 24 и 25 март.

„Кога зборуваме за нашите слабости, првата е слабоста во однос на енергијата. Сакаме да бидеме независни во иднина, но мора да преземеме итна акција за да ја зголемиме нашата независност и да престанеме да бидеме зависни од фосилните горива“, истакна Мишел.

Во своите заклучоци на Самитот утре и в петок, шефовите на држави и на влади на ЕУ треба да го поддржат предлогот на Европската Комисија за воведување на обврска со која земјите-членки се должни своите складишта за гас да ги полнат најмалку 90 отсто пред следната зимска сезона.

„Втората тема поврзана со ова: станува збор за Европа и јакнење на нејзините одбранбени капацитети. Многумина велат дека треба да ги зголемиме европските безбедносни и одбранбени капацитети. Треба да ја промениме брзината. Одлуката што храбро ја донесоа 27-те лидери на европските земји-членки во однос на соработката во областа на одбраната е голем чекор напред“, нагласи Мишел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025
ФОКУС

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

ВЕСТИ September 2, 2025

Вкупно 70 отсто од македонските граѓани го подржуваат членството на земјата во Европската Унија, при…

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.