Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мистеријата околу бегалскиот сиријски пасош пронајден по нападите во Париз

0
By Нова ТВ on November 16, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сирискиот пасош во сопственост на 25-годишниот Ахмед Алмухамед, не бил пронајден во остатоците на камиказа-бомбашот, туку до него, како да сакал некој истиот да биде пронајден. Оттаму дилемата кај француските власти кои ја водат истрагата, дали терористите намерно го подметнале пасошот.

– Заинтригира всушност што пасошот воопшто и се појавил таму, вели француски официјален претставник за британски „Индепендент“, надополнувајќи дека пасошот не бил во остатоците на телото туку бил покрај него.

Се работи за човекот кој влегол во Европската унија, односно Грција заедно со уште 70 други бегалци откако потонал бродот со кој биле превезувани на 3.октомври.

Според американските разузнавачки служби, се уште се утврдува дали пасошот е валиден воопшто, бидејќи бројот на документот не се совпаѓал со името и фотографијата. Француските полициски сили се сомневаат дека сирискиот пасош, и уште еден пронајден на улиците, се фалсификувани документи кои биле направени во Турција.

Француските експерти велат постојат три можности за да се реши дилемата. Едната е дека камиказата-бомбаш е Ахмед Алмухамед. Другата е дека се работи за терорист кој лажно се претставувал како бегалец. А третата е дека се уште не е идентификуван вистинскиот идентитет на бомбашот, но пасошот бил подметнат за да се засили пропагандата против бегалците.

Сепак тие се помеѓу најпогодените од терористичките напади во Париз. Бегаат од теророт на ИСИС во Сирија, а огромен дел од европскиот народ ќе наседне на пропагандата дека бегалците со себе носат радикален џихадизам.

Од она што е утврдено, пасошот со име Ахмед Алмухамед минал низ Грција, Македонија, Србија, Хрватска и оттаму во Унгарија од каде планирал да се упати во Австрија. Австриските власти велат дека немаат податок за човек со такво име на нивна територија.

Германската министерка за одбрана, Урсула вон дер Лејен за овој случај сепак вели дека не смеат да се помешаат бегалците со терористите, притоа сомневајќи се дека вистинското лице Ахмед Алмухамед учествувал во нападите.

– Тероризмот е толку добро организиран што не би ризикувал да ги минува смртоносните морски води (за влез во Грција), вели таа.

Приказната за инволвираноста на бегалците во терорстичките напади е идеја која ја протнуваат претежно десничарските медиуми и политичари во Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.