Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митревски: Предвремени избори нема да има, за измени на Законот за влада потребен е консензус на четирите најголеми партии

0
By Mirjana on January 24, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија сметаат дека какви било измени на Законот за влада треба да бидат  усогласени меѓу четирите најголеми партии во Собранието. За тоа, нагласуваат има време, бидејќи предвремени избори нема да има, туку редовни во 2024 година. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на „пржинската влада“, според СДСМ, говори за тоа дека државата денеска е способна да спроведе фер и демократски избори.

– ВМРО-ДПМНЕ беше против укинувањето на техничката влада откако ги изгуби изборите во 2016 година, иако таа требаше да биде само за тие избори. Добро е што сега ВМРО-ДПМНЕ по толкав период признава дека нашата држава има институции кои можат да спроведат фер и демократски избори и за разлика од 2016 година кога државата беше категоризирана како заробена, денеска е држава која може да спроведе фер, демократски и слободни избори признаени од сите, изјави координаторот на СДСМ Јован Митревски.

Тој појасни дека во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на „пржинската влада“ СДСМ спори две работи – прво спорен е начинот на кој е доставен предлогот, односно не се консултирани другите партии.

– Според Пржинскиот договор за какви било измени на Законот за влада треба да има консензус меѓу четирите најголеми политички партии во Собранието, а не на ваков начин со еднострано изразена волја на една партија, рече Митревски.

Втор спорен момент, како што рече тој, е тајмингот на поднесување на овој закон.

– Сите знаеме дека предвремени парламентарни избори нема да има. Ќе има редовни избори во 2024 година и фактички има време четирите најголеми политички партии да дискутираат и да имаат политички консензус по однос на техничката влада, рече координаторот на СДСМ.

Тој додаде дека поради безидејност, ВМРО-ДПМНЕ и во овој тежок период нема што друго да понуди освен да прави политички театар за јавноста.

ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЛАДА КОНТРА МИЦЕВСКИ МИТРЕВСКИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
ФОКУС

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

ВЕСТИ October 21, 2025

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната,…

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.