Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Митската авантура” во организација на Јуроп хаус и ХАЕМУС по повод Денови на европското наследство

0
By Marta Pesevska on September 10, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Фото: ХАЕМУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во организација на Јуроп хаус Скопје во партнерство со Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС, денеска во Градскиот парк – Скопје ќе се одржи настан „Митската авантура – скопските шумски суштества и како да ги пронајдеш”, интерактивно гамифицирано социјално искуство наменето за деца и млади. Домаќин на настанот ќе биде м-р Василка Димитровска, директор на ХАЕМУС, сертифициран тренер интерпретатор и национален координатор на Interpret Europe.

„Деновите на европското наследство” претставуваат заедничка акција на Советот на Европа и Европската комисија која, како широко прифатена манифестација, придонесува за зближување на луѓето и истакнување на европската димензија и вредноста на природното и културното наследство.

Секоја година се организираат илјадници настани со цел да се помогне во кревањето на свеста за заедничкото европско наследство и континуираната потреба за неговата заштита, настани коишто овозможуваат создавање споделени искуства од посетителите, промовирање на инклузивноста и поттикнување на креативноста и имагинацијата.

Темата на годинешното издание на „Деновите на европското наследство” во нашата земја, како и во повеќето европски држави е „Живото наследство”.

Организаторите на настанот апелираат сите субјекти од областа на природното и културното наследство да се вклучат со сопствен проект во прославата на „Деновите на европското наследство 2023″. Ова особено се однесува на граѓанските организации кои со учество во официјалната програма се стекнуваат со право да аплицираат за грант кој го доделува самата иницијатива.

„Митската авантура” Јуроп хаус ХАЕМУС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.