Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: ЕУ останува далечна цел; програмата на ВМРО-ДПМНЕ претставена во Гевгелија, Валандово, Богданци, Дојран и Македонски Брод

0
By НОВА ТВ on October 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ својата програма за претстојните локални избори „Создади нова иднина“ вечерва ја презентираше во Македонски Брод, Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово.

Реалноста во која живееме, тешкиот живот, немањето на пристојни услови за живот го даваат одговорот, а тој треба да се заокружи со вашиот глас и изборот тука во Македонски Брод на 17ти октомври, кога народот ќе биде силата која што ќе ги донесе промените, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг пред граѓаните во Македонски Брод.

Мицкоски потенцираше дека Европската унија со чело на државата на Зоран Заев станува се по далечна, а односите со Бугарија никогаш претходно не биле полоши како што се сега.

-Вчера иако стана јасно по пораките кои ги добивме како држава, дека ЕУ со Заев Заев на чело на државава станува далечна цел, а односите со Бугарија никогаш не биле полоши, сепак тој своите митинзи ги започна со пренесување на поздрави од ЕУ, бидејќи само тоа и им остана, вели Мицкоски.


На вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Дојран, кандидатот за градоначалник Филип Дончовски, истакна бројни проекти кои гарантира дека ќе ги реализира за Дојран да доживее ренесанса, како активирање на индустриската зона – Ѓопчели, зона за изградба на куќи за млади брачни парови, бесплатен оброк за секој ученик, капитални инвестици и развој на викенд туризмот.

-Мојата цел е да исчекорам напред со чист образ и да ја барам вашата поддршка како Кандидат за Градоначалник на Дојран, сите заедно ќе градиме едно ново поглавје, една нова ренесанса овде, во Дојран, рече Дончовски.

Начелата од кои ќе се водам ќе бидат чесност, посветеност, и отчетност, а во раководењето на општината ќе бидам искрен, темелен, и ефикасен, порача Тони Узунов кандидат за градоначалник на општина Валандово на денешниот митинг.

Узунов, вети дека уште во првите 100 дена ќе започне со реализација за уредување на изворски дол од Градскиот пазар месноста Извор.

-Она по што се разликува нашата програма е остварливоста и како извадок од истата би навел дека во првите 100 дена ќе започнеме со реализација за уредување на изворски дол од Градскиот пазар до месноста Извор со регулирање на суводолицата како кеј со придружни, урбани, партерни и хортикултурни содржини. Реконструкција на фудбалското игралиште во Брајковци, во мултифункционален спортско рекреативен објект и уредување на пешачката патека во населеното место Марвинци, рече Узунов.

Ветувам дека јас како менаџер на општината секоја недела еден ден во неделата своите работни активности ќе ги извршувам од Општинската зграда во Самоков, само така локалната самоуправа ќе ја направиме поблиска до граѓаните и сервис на граѓаните, вели Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Македонски Брод на вечерашниот митинг пред граѓаните.

Ристески вети и враќање на општинските линиски превози од секое населено место, субвенционирани со средства од локалниот буџет.

-Исто така ветувам ќе го воспоставиме општинскиот линиски превоз од секое населено место а истиот ќе го субвенцонираме со средства од локалниот буџет, секој граѓанин да може да стигне до градот, рече тој.

Програмата е фокусирана пред сè на поддршка на политиките за: урбанизација, развој на локалната економија, подобрување на локална инфраструктура во повеќе области, намалување на социјалната исклученост, младинска вклученост, заштита на животната средина, искористување на компаративните предности на општината и промовирање на одржливиот локален развој, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Богданци, Марјан Пеев на вечерашниот митинг.

Тој посочи дека се опфатени околу 100 проекти во сите битни сектори и тоа:

Во областа на ЛЕР предвидуваме инфраструктура во индустриски зони (Барта и Горни Чаир), нов мост на река Луда Мара на потегот Богданци-Индустриска зона Барта – Стојаково, мерки и проекти за Енергетска ефикасност во јавни објекти, битни стратешки документи и мерки за дигитализација на услуги кон граѓаните, истакна Пеев.

Кандидатот за градоначалник на Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов истакна дека во изминатите четири години додека локалната власт ја предводи СДСМ, Гевгелија стагнира во својот развој.

„Мојата програма се базира на четири столба, урбанизам ,стратегија за туризам и искористување на сите туристички потенцијали, екологија и зелените површини и младите и спортот. Акцентот ќе биде ставен на урбанизам и стратегија за туризмот и искористување на сите туристички потенцијали. Планината Кожув имаме план и визија најпрво со урбанизација на туристичкото место Коњско, а потоа и со овозможување услови за развој на ловниот туризам на планинскиот туризам да стане атрактивна туристичка дестинација“ нагласи Сарамандов.

Сарамандов додаде и дека има план и визија за искористување на геотермалните води.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.