Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Гоце, ако тоа не се случи, ако не поднесат оставки, ќе им се случи народ

0
By Zoran Ivanov on March 14, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа изјави дека не планира да се гласаат уставните измени, се додека Бугарија не ги преземе своите обврски кои што ги има преземено, а тоа е да ги почитува правата на сите малцинства.

Во гостување на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, на прашањето околу стратешкото партнерство со САД и доколку Вашингтон каже дека треба да се гласаат уставните измени, Мицкоски нагласи оти тоа нема да се случи.

Нема да ги гласам, тоа нема да се случи. Нема да ги гласам се додека Бугарија исто така не ги заврши своите обврски кои што ги има преземено, а тоа е да ги почитува правата на сите малцинства. А тие права се содржани во пресудите од Судот за човекови права во Стразбур, одговори Мицкоски.

Во однос на новата политичка Влада во Бугарија и дали тоа ќе ги помести работите, Мицкоски се осврна на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и Георг Георгиев во Минхен, посочувајќи дека тоа не ги поместило работите и оти не сме наишле на разбирање туку на блокада.

Колкав партрнер на НАТО е нашиот источен сосед, доволно говори денешната одлука да не вложуваат во Коридорот 8, којшто е втор по важност за Алијансата за кој што потпишаа на самитот во Вашингтон во јули минтатата година. Нивната Владата донесе одлука да не вложува во модернизација на Коридоот 8. Ако тие за Коридорот 8 којшто требаше да биде формалнсот за којшто не обвинуваа, денеска носат таква одлука, па замислете што нас не чека понатаму, рече Мицкоски.

Според него, членството на Македонија во ЕУ не зависи од ниту една резолуција, туку од билатералните односи кои што за жал рече тоа го дозволи Европската Унија.

Се додека не покажете карактер и вредности во кои што верувате, нема да ве ценат. Ја знаете онаа приказната со полжавот, ако мислете дека со лигавење ќе стигнете до врвот се лажете, барем јас така не мислам. Јас сум застапник на тезата подобро тешко, отколку срамно. И тоа се принципите и вредностите во кои што верувам, вели премиерот.

Истакна дека „нашата близина и далечината со ЕУ не зависи од тоа дали ние сме ко-спонзори на оваа или онаа резолуција, туку зависи исклучиво од билатерални прашања, кои што за жал истата таа ЕУ дозволи да се случат“.

Дали јас грешам не знам, дали ќе успеам во ова не знам, јас сум го добил легитимитетот од граѓаните пред 9 месеци, пола милион луѓе излегле и гласале, рече Мицкоски. Немам намера да бакнувам пенкала, да се смешкам додека ме навредуваат, понижуваат и омаловажуваат, тоа што го мислам и моите аргументи што ги имам, не велам дека се најисправните и најточните, но јас сум ја добил довербата на граѓаните да ги презентирам тие аргументи кои што ги бранат интересите на оваа држава, на сите граѓани, нагласи Мицкоски.

Според него, ние како малуброен народ и како една од помалубројните држави во Европа, треба секогаш да се држиме до нашите најголеми стратешки партнери.

Тоа не значи дека треба да бидеме рамо до рамо и со нашите европски партнери. Ние треба да водиме умна политика. Има многу држави-членки во ЕУ, но и кандидати кои соработуваа со држави од Истокот, па напредуваа во рамки на членството со ЕУ, за жал ние не напредувавме. Кога еднаш имате двоен стандард и исклучок, тоа станува пракса, рече Мицкоски.

Тој рече дека загриженоста на опозицијата за нашите односи кон ЕУ поради стратешките односи со САД е лицемерен однос.

Кај опозицијата секогаш ќе има дилема што и да направиме ние, и јас не очекувам дека опозицијата ќе излезе со поддршка за чекорите кои што ги прави ВМРО-ДПМНЕ и кои што ги прави македонската влада. Нивната загриженост се темели на лицемерие затоа што ако до вчера се сеќавате кога исчезнуваа пратеници, тие велеа дека со срцето се во Брисел, а со душата во Вашингтон, во името на тоа да се претстават дека САД се нашиот најважен стратешки партнер, рече премиерот.

На прашањето за интерпелацијата на судуиите од Судскиот совет, Мицкоски рече дека собранието им изгласа недоверба и дека треба да си поднестат оставка.

Гоце, Ако тоа не го сторат, ако не поднесат оставки, ќе им се случи народ, рече Мицкоски.

 

„Канал 5“ бугарите мицкоси народ судски Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.