Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски ја закова последната шајка во… сопствениот политички ковчег

0
By Sashko on September 7, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА

Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија… – референдумско прашање на партијата на Груевски што веќе пет години неуспешно ја води Мицкоски.

Талент! Не знам кој го советувал или ова е негова замисла, но самата иницијатива за референдум и, уште повеќе, референдумското прашање се уште една шајка во политичкиот ковчег на Мицкоски и тие околу него. Во било кои други околности, во било кое друго општество со малку поразвиена политичка и медиумска култура, ниту Мицкоски, ниту неговата партија не би го преживеале овој тежок политички гаф (најблаго кажано).

Очигледно е дека Кремљ попуштил со вниманието или целосно ги напуштил своите пулени во земјава, бидејќи вакви почетнички грешки не прават ни нивните приправници во одделението за пропаганда. Здравствуй, Кремль, ты нас слышишь? Не е Кремљ во прашање? Ах!

Антиевропска иницијатива

Самата идеја за референдум е антиевропска, а уште повеќе антимакедонска. Доаѓа во време кога земјата, заедно со целиот свет, се соочува со тешки егзистенцијални прашања, а Мицкоски и партијата се занимаваат со Договорот за добрососедство со Бугарија. Во суштина, само ја спроведуваат својата агенда која нема врска со македонските национални интереси. Реакциите, со право, се крајно иронични. Меѓу другите, добро е и ова прашање: Кога веќе се занимаваат со уривање на меѓудржавни договори – зошто само оној со Бугарија, а не и Преспанскиот договор? Страв, незрелост или…?

Претседателот Пендаровски, инаку самиот врвен интелектуалец и аналитичар, јасно го „дешифрира“ референдумското прашање:

„Добивме прашање со кое, во суштина, македонските граѓани ги прашуваат – дали сакате да престанеме да одиме кон ЕУ.“

Touché!

Чие масло е ова?

Што значи „напуштање на важност“ на некој договор? Ниту политички, ниту правно, овој израз не значи ништо. А референдумот би бил задолжителен, решил Мицкоски или кој веќе решава таму, во Белата палата. Под претпоставка да биде успешен и институциите на државата (во прв ред, Собранието) ќе имаат задолжение да направат – што? На кој начин и што потоа? Како и многупати порано, силните „правнички“ имиња во тимот на „прецизниот математичар“ Мицкоски уште еднаш покажаа несфатлив дилетантизам.

Навистина, чие масло е оваа најнова бламажа на Мицкоски? Руско? Бугарско? Руско-бугарско? Можеби го местат токму претендентите на престолот на Мицкоски? Сѐ заедно? Можеби Зоран Заев и Димитар Ковачевски му го подметнале ова, да му „помогнат“ да изврши политичко самоубиство? Или Груевски, додека мезел скапи сирења и пршути во своите будимпештански одаи, со полна уста, недоволно јасно зборувал, кога му беше на „баци рака“ кон крајот на јули.

Пропаднати демонстрации и топење на „европските“ маски

Да се потсетиме. Мицкоски, заедно со неговиот помлад идеолошко-политички брат, Апасиев, во јули покренаа насилни, ултранационалистички демонстрации против европскиот предлог за надминување на спорот со Бугарија. Изненадувачки (не премногу), им се приклучија не мал број НВО шефици и шефови, интелектуалци и уредници во медиуми кои лагодно живеат од европски пари. Навистина, многу „европски“ маски се истопија и разобличија под јулското сонце…

Извадија гилотина и малтретираа домашно животно пред парламентот. Им пречеше бугарското вето, а извикуваа „Смрт за шиптари“ и „Чиста Македонија“ (ја утнаа темата?). Повикуваа на нов 27 април…

Но демонстрациите секој ден губеа на интензитет и обем (издишаа), за во пресрет на гласањето во парламентот на 16 јули, да се сведат на еден грст мортус пијани ликови кои не беа свесни каде се и што прават на тревникот пред парламентот.

Победа за нацијата, пораз за националистите

Следеше тридневна расправа во која слушнавме бесмислени опозициски говори во кои единствено можеше да се препознаат тешки закани, националистичка омраза и неугаслива жед за власт. Кога зборуваа претставниците на власта, тие свиреа на вувузели. И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дојде да одржи говор во парламентот, но и кон неа се однесуваа како деликвенти. И на крајот, не гласаа.

Европскиот (познат и како француски) предлог победи со 68 гласа ЗА и НИТУ ЕДЕН ГЛАС ПРОТИВ.

Три дена подоцна, македонскиот и албанскиот премиер, Димитар Ковачевски и Еди Рама, одржаа прес конференции во Брисел и го означија почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Голема победа за нацијата. Тежок политички пораз за антизападните радикали и националшовинисти.

Кога планот Б е полош од планот А

Вечно намуртениот Мицкоски и хистеричниот Апасиев имаа „план Б“. Полош и од „планот А“, дефинитивно.

Можеби Мицкоски верува дека идејата за референдум – што ја квачи од втората половина на јули и снесе сматок – ќе му помогне да ги залечи политичките „рани“ од јулскиот дебакл. Можеби верува дека ова е уште еден чекор во походот за освојување на власта. Погрешно. Многу погрешно.

Мицкоски и Апасиев можеби имаат антиевропска, националистичка и проруска агенда, но не сакајќи работат во корист на владата на Ковачевски.

Чудни се патиштата… до ЕУ.

Извор: civilmedia.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.