НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Не знаеме што се преговора со Бугарија, недолично е да се прифаќа веќе одбиен предлог

0
By Sashko on April 16, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Немам информација што има во тој нон пејпар. Имаме само определени шпекулации кои што или ги дознаваме од медиумите или од канали кои што се неофицијални, но тоа се нерелевантни информации кои што доаѓаат до нас, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали како опозиција знаат што точно содржи новиот нон пејпар за преговори со Бугарија.

Мицкоски рече дека „се срами од тоа што го прават на граѓаните на Македонија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој, како што рече, прифаќа договор кој веќе еднаш е одбиен.

„Навистина се срамам од ова што го прават Ковачевски и Османи на граѓаните на Македонија. А она што го направи Османи, прифаќајќи договор кој што веќе е добиен неколку месеци претходно, веќе не е ни домат дипломатија, ова просто се граничи со нешто што е уште пониско од таа домат дипломатија. Се срамам што граѓаните плаќаат практично пари на ваков тип политичари да земаат плати и да уживаат привилегии на грбот на народот кој што едвај крај со крај во овие кризни времиња врзува. Навистина е недолично за еден министер за надворешни работи да прифаќа предлог кој, како што кажуваат од бугарската страна, пред три месеци веќе го одбиле. Тоа е исто како да зборуваме за ланскиот снег“, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека однесување на власта во однос преговорите со Бугарија покажува комплетна деструкција и уништување на процесот и на тој начин директно ги загрозуваат шансите, македонскиот народ и на сите граѓаните во државата да добијат можност да ги отпочнат преговорите со Европската унија.

„Јас не знам каква е оваа стратегија и кој ги подучува на сето ова, но ако мислат дека на тој начин ќе се покажат како политичари кои еве се конструктивни, тогаш ова е комплетно спротивно на тоа и тие ни покажуваат комплетна деструкција и уништување на процесот и на тој начин директно ги загрозуваат шансите, македонскиот народ, граѓаните во Македонија без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби и останати да добијат можност да ги отпочнат преговорите со Европската Унија“, заклучи Мицкоски.

Прашан како го коментира отворањето на бугарскиот културен центар во Битола и посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков, Мицкоски нагласи дека доколку Петков сака да покаже пријателство, тогаш истиот пример од Битола треба да го покаже и во Благоевград и во Сандански и да им овозможи и на Македонци во Бугарија македонски културен центар.

„Веднаш после тоа отворање Петков кога ќе замине во Софија треба да земе пример од тука од Битола и да направи сличен таков потег во Благоевград и во Сандански и на тие илјадници Македонци кои што живеат таму да им овозможи еден ваков културен македонски центар кој што е во согласност со сите пресуди од Стразбур. А овие малкумина македонски Бугари кои на пописот кој што беше таков каков беше, некомплетен и манипулативен, се изјаснија дека отприлика околу 800-тини од нив го говорат бугарскиот јазик како мајчин треба да го советуваат Петков истото тоа да го направи и во Бугарија за Македонците кои што живеат таму и на тој начин навистина ќе го покажат и на дело тоа братство за кое тој цело време зборува и полна му е устата за братство и пријателство. Пријателството не се зборува, туку се покажува со дело“, потенцираше Мицкоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.