Ова е огромна победа на народот на Македонија, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека денешниот исход е триумф на оние кои гласале и на оние кои не гласале, но сепак ја имаат неговата почит.
-Полицијата на Спасовски, обвинителството на Русковска и примитизмот на Заев беа против нас, но со нас беше народот, кажа Мицкоски.
Тој додаде дека победата за него претставува и голема одговорност.
-Денес трешти гласот на промените. Со вашата верба во себе ќе ја постигнеме целта. Ова е првиот голем чекор до финалната победа, до она што го сакаме од нашата Македонија, да биде просперитетна, богата… Се што зборував во оваа кампања го паметам добро и ќе го спроведам, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.