Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски e позитивен на ковид-19, што е причина за откажување на денешната посета на Општина Маврово- Ростуше.
„Ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во Општина Маврово – Ростуше закажани за денеска во 17:45 часот се откажани. Причина за откажување е развивањето на симптоми од ковид 19 на претседателот на партијата Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест и истиот беше позитивен“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.