Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски признавајќи го Михајлов за континуитет на партијата ја предаде Мизрахи, Евреите, а најмногу Македонците

0
By Gabi Tocko on November 12, 2022 КОМЕНТАРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Знаеше ли Рашела Мизрахи кога го предлагаше Законот за здруженија, дека нејзиниот лидер Христијан  Мицкоски го признава Ванчо Михајлов за свој претходник и бара од неа да го почитува како континуитет на сегашното ВМРО-ДПМНЕ.

Таа на денот на отворањето на Клубот со името на Ванчо Михајлов револтирано коментираше со зборовите дека „еден културен центар можеше да го добие било кој назив, друго име, а тие се одлучија за Ванчо Михајлов, контроверзна личност од минатото.

Тогаш таа потсети дека за Ванчо Михајлов Македонците се говеда на Сталин и дека „се работи за човек кој има фашистички ставови, колаборира со нацистичка Германија. Станал советник на Анте Павелиќ, се обидува да направи и квинслишка држава во Скопје во 1944 година, но видел дека амбиентот не е погоден за тоа и заминува. Се чудам зошто баш ваква личност за кој има историски факти, наместо да се одбере личност која ќе биде во знак на добрососедство“, рече Мизрахи.

На ова Христијан Мицкоски, јавно и „врза шлаканица“ во интервјуто на Канал 5 кога нејзините ставови за Ванчо ги отфрли како неосновани озборувања.

„Го заболе“ Мицкоски за тоа што Цар Борис протерал 7.000 Евреи од Македонија во Треблинка, ама „не го боли“ што неговиот претходник потепал над 4.000 македнски револуционери по улиците на Софија, ниту што тој самиот,  сите во ВМРО-ДПМНЕ и сите ние Македонци сме говеда, како што нè нарекувал Иван Михаилов бугаризиран Македонец историски претходник и лидер на ВМРО од тоа време.

Тој не чуствува потреба да се огради од ваквите ставови, да се откаже од него, туку напротив бара да се почитува неговиот континуитет.

Што е всушност разликата од она што го тврдел Ванчо Михајлов за Македонците од она што и сега го зборуваат бугарските власти за македонскиот идентитет, а заради што наводно Мицкоски „се потресува“  и бара гаранции за зачувување на македонската посебност!

Се фолира ли Мицкоски дека е борец за Македонците или е на линијата на оние сили во Бугарија кои не сакаат да ја видат Независна Македонија како членка на ЕУ, а Македонците да станат дел од европската цивилизација како посебна нација.

Како инаку да се објасни инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ воопшто за таков континуитет, во кој личности како Ванчо Михајлов, ќе бидат само тоа- контроверзна личност со која тој не се сложува со тоа што го правел кога ја водел организацијата, но сепак го признава како континуитет што треба да се почитува, затоа што тие биле партија за македонско национално единство.

Но активноста на ова ВМРО-ДПМНЕ е всушност сосема во спротивност со името што го носи, затоа што цело време создава раздор во македонското етничко ткиво баш во духот на човекот за кого вели дека треба да се почитува како историски континуитет. Да се почитува бугаризиран Македонец кој јасно велел дека не постои македонска нација и македонски јазик.

Ако погледнете наназад што има изјавено Мицкоски по повод отворањето на клубот Иван Михајлов во Битола, ќе забележите дека нема ниту еден збор со кој го осудува тој настан, затоа што нему тоа не му пречи.

Единствената изјава ја дава на новинарско прашање со која му порачува на тогашниот бугарски премиер Кирил Петков дека прво што треба да направи Петков кога ќе се врати во Софија е да отвори најмалку два вакви клуба во Благоевград и Сандански за Македонците што живеат во Пиринска Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.