Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги поканила сите лидери на парламентарните политички партии во земјата, освен Левица, да ја одбележат 20-годишнината од формирањето на партијата, но претседателот Мицкоски, лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села и на Движењето Беса, Билал Касами иако ја добиле поканата од ДУИ, нема да учествуваат на прославата.
„Сметаме дека не е време за славење, во време кога се сочуваме со кризи, изјави за „Слободен печат“, Димче Арсовски – потпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Друга причина за неучество на Мицкоски на прославата на ДУИ, како што наведуват од ВМРО-ДПМНЕ, е лошто и корумпирано владење на ДУИ и СДСМ.
На 20-годишнината на ДУИ се поканети и политички лидери од Албанија, Косово и Црна Гора. 20-годишнината ДУИ ќе ја одбележи со две големи манифестации во Скопје на плоштадот „Скендербег“ и во Тетово на плоштадот „Илирија“ на 3 и 4 јуни, каде ќе настапат естрадни уметници од Косово и Северна Македонија.