Српсккиот фудбалски тренер Младен Крстаиќ и официјално е претставен како нов селектор на Бугарија.
Легендата на Партизан и на Вердер од фудбалските денови, а до неодамна и тренер на Макаби, потпиша договор за двегодишна соработка со Фудбалскиот сојуз на Бугарија.
Тој ќе дебитира на клупата на Бугарија во септември во мечевите против Гибралтар и Македонија во Лигата на нации.
Асистенти на Крстаиќ во стручниот штаб на бугарскиот национален тим ќе му бидат сонародниците Немања Миличиќ и Стефан Јанковиќ, а тренер на голманите ќе биде Дарко Божовиќ.
Покрај Макаби, Крстаиќ во тренерската кариера беше и селектор на Србија од 2017 до 2019 година.