НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младите ја „преземаат“ Владата и пред Ковачевски и министрите ќе презентираат решенија во три области

0
By Sashko on May 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Учесниците на регионалната конференција за млади #ThinkForward: YOUth ACTion NOW!, организирана од Делегацијата на ЕУ и Europe House и поддржана од Советот за регионална соработка (RCC) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) ќе ја преземат Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија за да презентираат решенија на прашања од три области пред премиерот Димитар Ковачевски и членовите на Владата, соопштија од Делегација на Европската Унија (ЕУ) во земјава.

Делегацијата на ЕУ и Europe House оваа година го одбележуваат Денот на Европа во контекст на тоа што 2022 година е Европска година на младите.

Триесет млади активисти и Млади европски амбасадори од Македонија и останатите земји од Западен Балкан два дена дискутираа за решенија кои се однесуваат на регионалната соработка и помирување, менталното здравје, и климатските промени/Зелениот договор на ЕУ.

„Овие области се тесно поврзани со Европските младински цели, односно, тие се од интерес за младите лица од цела Европа. Наменета за поддршка, ангажман и зајакнување, конференцијата ги промовираше европските вредности меѓу младите од целиот Западен Балкан (ЗБ6)“, наведоа од Делегацијата на ЕУ.

Преземањето на Владата претставува заклучок од регионалната конференција. Во присуство на амбасадорот Дејвид Гир, тројца назначени известувачи – Бледни Ходаи за регионална соработка и помирување, Мимоза Серафимовска за ментално здравје и Марија Бургиева за климатски промени/Зелениот договор на ЕУ – ќе ги презентираат резултатите од дискусиите на конференцијата пред премиерот Ковачевски и членовите на владите.

Целта на „преземањето“ е олеснување на директната дискусија меѓу младите и ресорните министри, заменици министри и владини претставници. Во согласност со целите на Европската година на младите, овој настан ќе ја истакне значајноста на активната улога на младите во општеството за градење подобра иднина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.