Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младите во Македонија имаат што да кажат, но кој ги есапи?

0
By Нова ТВ on February 18, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонското општество не поттикнува култура на реакција, граѓанска проактивност, дебата. Дали младите лесно се вклопијa во македонскиот амбиент на молк и на девалвирање на критичката мисла?

„Истражувањата покажуваат дека младите се способни да ги препознаат проблемите, но немаат доверба дека ако дејствуваат нешто ќе се промени. Сметаат дека можат да бидат загрозени или едноставно- не се информирани како можат да постапат“, вели за Дојче Веле, Дона Костуранова од Младински образовен форум(МОФ).

Според последното истражување, 79% од студентите никогаш не гласале на студентски избори. За 51% членувањето во студентска организација е можност за запознавање нови луѓе. Најголемите лоцирани проблеми се носењето одлуки без консултации со студентите кои ги претставуваат, работата на студентските претставници за лични интереси и водењето на организациите од тесен круг на луѓе. Во средните училишта пак, се покажа дека средношколците немаат право на глас во органите на управувањето во ниту едно од анкетираните училишта.

„Истражувањето што го спроведовме во 2011- за социјалниот капитал на средношколците, извади загрижувачки информации. Покрај тоа што 45% од анкетираните средношколци сакаат да ја напуштат земјата за 10 години, резултатите покажаа дека тие се скептични дека на каков било начин можат да помогнат да се решат локалните проблеми. Повеќе од две третини сметаат дека ништо, односно малку можат лично да променат за да се решат проблемите во нивниот град. Дополнително загрижувачки, секој четврти средношколец е само-деклариран социјално исклучен млад човек “, вели Костуранова.

Критичкото размислување, дијалогот, охрабрувањето отворено искажување на своето мислење и иницијативноста- никогаш не биле во македонските училници. А ги нема и надвор од нив.

„Намалениот активизам и иницијативност не може да се гледаат како нивна вина. Тешко е да се очекува младите да бараат да бидат претставувани и да се самоорганизираат на локално ниво, кога такви примери одвај и да постојат кај нас. Може да се сочувствува со студент кој се плаши дека би можел да го изгуби леглото во студентски дом ако побара подобри услови во него. Но, недопустливо е да се обвинуваат младите за пасивност или незаинтересираност, кога одговорноста за нивниот активистички дух и можност да се застапуваат за своите потреби зависи од тоа што им го обезбедиле и покажале образовните институции и пошироко- заедницата.

Во Македонија преовладува гледањето на младите од страна на возрасните како проблем на кој треба да му се помогне, да се реши и да се насочи, а не како ресурс кој е способен сам да одлучува и да придонесува во општеството. Така, наместо да се самоорганизираат и застапуваат, младите гледаат форми за претставување кои прават многу малку за нив и ја губат довербата“, вели Костуранова.

Младите луѓе во Македонија немаат искуство со практикувањето демократија- правото на дијалог и учество, слободата на изразување и различност- ниту во училиштето ниту во семејството.

„Со својата насилно-пасивизирана позиција, тие ја плаќаат највисоката цена по сопствениот развој и иднина. А ние тоа го гледаме и не не загрижува“, вели за ДВ Лина Ќостарова- Унковска, психолог, истражувач, активист за детски и човекови права при Центарот за психосоцијална и кризна акција.

„Кон младите се однесуваме крајно контрадикторно и непринципиелно, со конфузни двојни пораки. Наместо да создаваме услови за нивните развојни потреби, ние или не ги забележуваме или ги критикуваме дека се неодговорни додека истовремено ги презаштитуваме- што се сведува на исто- тие да се почувствуваат неважни, слаби и немоќни како учесници- прво во сопствениот живот, а потоа и во општеството. Тие растат со уверувањето дека ќе успеат во животот само ако има кој за нив да се погрижи и ја „играат “ таа доделена улога- се пасивизираат или стануваат некритички силни и моќни. Ваквата зависност ги прави подложни на секаков вид манипулации што во едно недемократско општество како нашето, лесно ги претвора во плен на нашите можни поделби, партизации и други видови условувања“, вели Ќостарова- Унковска.

Самодовербата, независноста, истрајноста, љубопитноста, манифестирањето интерес и иницијатива се тесно поврзани со поттикнувањето и искуството кај децата во првите пет години од животот- велат од УНИЦЕФ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.