Бранко Тричковски: Мојата Македонија е Македонија која се самоослободува од лагите за себе, од позајмените истории, од поттурените митови. Македонија која се потпира на денешниве луѓе, на слободните луѓе, не на единство туку на диференцијација, на индивидуализмот, не на колективизмот, на културата, на културата на слободата која мора да оди во комбинација со одговорноста, со други зборови-модерна, европска Македонија, интегрирана кон внатре со меѓуетничката солидарност и хармонија и кон надвор во Европската унија и во сите светски структури. Линк