НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Моќна поддршка од сојузниците за Северна Македонија од Минхенската безбедносна конференција

0
By Biljana on February 19, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија има едногласна и моќна поддршка меѓу сојузниците.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, покрај учеството во активностите на официјалната програма на Минхенската безбедносна конференција, на маргините на настанот на кој учествуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади, како и голем број министри и претставници на меѓународни организации и мултилатерални асоцијации, се сретна и размени мислења со повеќе високи претставници на земјите учеснички на конференцијата.

Премиерот Ковачевски, заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија остварил средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен за време на обраќањето на Потпретседателката на САД, Камала Харис.

„Во разговорот државниот секретар Блинкен ја изрази својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја сподели својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ. Блинкен истакна дека САД останува наш посветен партнер во надминувањето на предизвиците“, информираат од Владата.

На конференцијата во Минхен, премиерот Ковачевски се сретнал и со премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон со кој заеднички оценија дека сојузништвото во НАТО е силен влог за безбедноста и стабилноста на Европа.

„За време на средбата премиерот Џонсон рече дека како наш стратешки партнер во евроинтеграциските процеси, Обединетото Кралство ќе продолжи со силна меѓународна поддршка и му честиташе на премиерот Ковачевски за сите заложби на Владата на Северна Македонија за спроведување конструктивен дијалог со Софија кој ќе ни овозможи исполнување на нашите стратешки цели за интеграција во ЕУ“, стои во дописот од Владата.

Претседателот на Владата Ковачевски на Минхенската безбедносна конференција се сретнал со претставничката на Мичиген во конгресот на САД Елиса Слоткин, која минатата година со задоволство прифати да се приклучи конгресната група за пријателство со Северна Македонија, кое дојде после нејзината исклучителна активност за членството на нашата земја во НАТО.

На средбата со премиерот Ковачевски, Слоткин истакнала дека останува силен глас во поддршката за нашата земја во заедничките мисии за мир и безбедност со САД како сојузници во НАТО.

За одличната соработка со Баварија која ја имаме преку заедничката, меѓувладина комисија, на конференцијата во Минхен, премиерот Ковачевски разговарал со државната министерка за европски прашања и меѓународни односи на Баварија, Мелани Хумл.

„Во фокусот на разговорот беше зајакнувањето на економската соработка со поврзување на стопанските комори и за соработка во други области, како и подготвеноста на Баварија да помогне во реформите на правосудството, борбата против корупцијата и во неопходната помош на нашиот пат кон ЕУ“, велат од Владата.

Премиерот Ковачевски во Минхен се сретна и со генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу.

Во разговорот со Брегу, Ковачевски нагласил дека Северна Македонија останува посветена на регионалната соработка и на реализација на сите иницијативи и процеси во рамките на Берлинскиот процес, и дека иницијативата „Отворен Балкан“, како нов импулс е комплементарна на овие процеси и дополнително ја мотивира регионалната соработка.

На Конференцијата за безбедност во Минхен, покрај претставници на Владата, присуствуваше и претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски. Тој на маргините на конференцијата остварил средба со бугарскиот премиер, Кирил Петков.

„Дискутиравме за динамиката на работните групи, продуктивноста на тој план и можностите за пробив на европски план, кој би значел заеднички успех“, напиша претседателот Пендаровски на социјалните мрежи.

Пендаровски денеска се сретна и со Хавиер Солана – поранешен генерален секретар на НАТО, Висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и министер за надворешни работи на Шпанија.

ЕУ и НАТО Минхенската безбедносна конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.