Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Молитвата на Груевски за народот

0
By Биљана Секуловска on November 14, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Слушнете го добро премиерот Груевски, како вели- Најдобра оценка за извештајот на Европската комисија може да даде народот. Оваа изјава на Груевски, дадена на заедничка прес-конференција со евроамбасадорот Орав не врати во некои не баш славни времиња, децении наназад, кога вакви јавни настапи беа се што имаше еден народ од својот лидер.

Но, Груевски е тука во право- народот иако не пишува, ниту пак потпишува извештаи на одредена институција, крајната одлука ја носи сепак само тој- дали одреден политичар ќе владее 10 или можеби 50 години.

Да, Груевски, тоа е навистина така, но, да речеме во Шведска. На демократски и фер избори, шведскиот народ, или одберете можеби друг, британски, француски, американски народ, со својот глас одлучува кој е вистинскиот избор за него.

Видете Груевски, во Македонија народот не смее да гласа за својот избор. Затоа, ајде малку да разговараме за тој народ, на кој вие се повикувате, кој е вашето се и свја, во кој се колнете и се молите да биде само ваш и ничиј друг народ. Значи, народот велите?

Видете Груевски, народот не прави списоци за задолжително гласање за вашата партија, според кои гласачите не се обврзани, туку се приморани, уценети, со закани, заплашувања и терор, тие се принудени да го заокружат ВМРО. Присетете се само на сторијата на А1, кога некои луѓе беа уценувани дека ќе бидат впишани во списокот за лекување со ин-витро, доколку гласаат за ВМРО. Тоа е вашиот народ, очаен, притиснат, на колена фрлен, не зависите вие од нивниот глас, туку обратно, тој народ зависи од милоста ваша, од некој ваш човек што треба да донесе пресуда дали народот ќе има рожба или не. Тој ваш народ Груевски само молчеливо слуша каква судбина сте им доделиле и заплакува од време на време.

Одиме понатаму, Груевски. Народот не ги влече за уши Циганите, како што ги нарекувавте гласачите во бомбите од вашата партија, не се гнуша од Шиптариштата, не си поигрува, не се потсмева со човечињата, како што го нарекувате народот, кој мора да гласа за вас.

Народот, сакате пак за него? Народот не ви ги врзува и одврзува црните кеси со гласачките ливчиња, ниту пак ги уништува печатите на тие кеси, за да бидат заменети гласовите со вашите, за да победи вашата партија. Тоа вие го правевте, барем тоа беа дијалозите во бомбите на Заев, а народот само немо ги слушаше и добиваше некаква, можеби магловита, но сепак е слика за вас и за начинот на кој ги добивате изборите.

За народот крикате Груевски, но тој народ не ги принудуваше децата од Домот без родители, со кои директорката Ристенка Атанасова и Миле Јанакиески тргуваа за гласање како да се на сточен пазар. Веќе еднаш напишав- тоа е за мене најужасното сведоштво од лентите за прислушување, затоа што тие деца немаат никого на овој подол свет.

Никого кој би ги утешил, заштитил, прегрнал, но затоа ве имаат само вас Груевски, да се препелкаат со вас и да им се чини дека тоа ќе трае до последниот здив. Тие деца не можат да избегаат од канџите на власта која ги принудува да гласаат за неа, а подоцна децата стануваат тој народ за кој ги палите свеќите и му упатувате молитви. Не да гласа за вас, не, па не сте вие наивен. Си ги мрморите молитвите да не биде одземено се што не еднаш, туку којзнае колку пати ви било дадено.

Од кого? А што мислевте Груевски, од кого би се случил тој удар? Па од народот Груевски, од оној што давал, оној што позлатувал, само тој и никој друг може се сврти против вас. Затоа, немојте со народот, тоа е една стара приказна од која ударите најмногу болат, нема лекција по историја која нема да ви ја понуди таа порака- Не си играјте со народот, тогаш кога не сте дел од тој народ.

Народот, па народот. На тој народ сега му нудите лек за болести разни, последната ваша понуда беше до очаен човек болен од рак, човек кој моли за лек на позитивна листа, затоа што нема начин, нема пари да го купи поинаку. Ете на таков човек вие пред целата јавност, пред камери и со прикачен микрофон на реверот му нудите лек за болеста. Вие ќе го излечите човекот, вие сте лек за народот велите, вие ќе го спасите, затоа што вие не мислите, туку се претставувате дека сте семоќен, спасител, месија, господ. Приказна која народот никогаш не ја позлатува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.