НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Молк во костуми

0
By Marija Todorovska on May 22, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прогресивните елити се бават со метрики додека светот гори. Нивната неактивност ги храни токму силите против кои тврдат дека се борат.

Џабир Дерала

Одамна стана повеќе од очигледно дека корпоративната култура и елитизмот се главни карактеристики на голем дел од самопрогласените прогресивни организации на граѓанското општество (ОГО или НВО, како и да ги наречете). Овие ентитети често функционираат изолирано, создаваат резултати со слаб ефект и ограничена јавна вредност. Тие се далеку од тоа да бидат мултипликатори на демократска енергија, не се трудат да вклучат пошироки граѓански мрежи, ниту овозможуваат другите да ја засилат нивната работа. Нивниот раст се темели не на легитимитет од база или општествена релевантност, туку на способноста да им се умилкуваат на донаторите, а многу од нив се, всушност, нивни спиноф проекти. Создадени од донаторски иницијативи, тие еволуираа во тромави бирократски машини дизајнирани да ги исполнуваат административните барања и да апсорбираат големи финансиски средства – често со малку или без никаков ефект врз реалниот свет.

Критиката не може и не смее да застане само кај невладинит. Истиот образец се среќаваат и кај широкиот спектар од актери кои тврдат дека ја унапредуваат демократијата, било да се нарекуваат прогресивци, демократи или умерени, сеедно. Политичките партии кои ги носат демократските вредности како свој бренд, често функционираат како елитистички клубови, каде што вештините за наметнување на пораките (messaging) ја заменува мобилизацијата, а лидерството се разминува со својата база, наместо да зборува со неа. Многу тинк-тенкови штанцаат фино полирани документи полни со „стручен“ жаргон и метрики, но остануваат далеку од реалните животни искуства на луѓето, а најмалку нудат решенија засновани на реалноста. Дури и проверувачите на факти често ја сведуваат вистината на техничка процедура, лишена од социјален и политички контекст, морална јаснотија и системска критика.

Една од клучните причини зошто овие структури не успеваат да ја стекнат довербата на јавноста е тоа што не функционираат како вистински јавен ресурс за градење демократска отпорност. Немаат интерес да градат односи со граѓаните кои тврдат дека ги претставуваат. Комуникацијата со јавноста е еднонасочна, стерилна и трансакциска – без дијалог, скромност или солидарност. Најголемиот дел немаат никаква реална база – ни заедница, ни активно членство, ни соработка со формални или неформални граѓански иницијативи.

Наместо тоа, тие го одразуваат однесувањето на самите институции што треба да ги земат на одговорност – хиерархиски и нетранспарентни. Нивните активности се темелат на бирократски шаблони без душа, контекст или значење за заедницата. Дури и јавната комуникација им е ладна и формализирана, ограничена на крути формати што повеќе наликуваат на корпоративен бренд, отколку на граѓански ангажман. Механизмите за повратна информација, кога постојат, само симулираат учество преку ограничени и стерилизирани алатки, дизајнирани за заштита на угледот, а не за промена и раст.

Понатаму, страдаат од празен академизам – методолошки прецизни на хартија, но без морална храброст, без реална поврзаност со светот и без визија што носи промени. Нивниот јазик е преполн со технички термини и стерилен формализам, дизајниран повеќе за да импресионира донатори и партнери (или самите себе), отколку да ги ангажира заедниците или да го предизвика системот на неправда. На крајот, тие репродуцираат стерилна интелектуална култура која го става институционалното преживување над јавниот интерес, и метриките над суштината.

Нивниот одговор на горливи предизвици – војни, воени злосторства и грубо кршење на човековите права – е често внимателен, слаб или исплакнат, детачиран. Тие се селективни при изборот чии права да ги бранат, давајќи приоритет на оние во нивниот близок круг или во политички безбедни зони, наместо да им помогнат на најранливите. Нивното застапување е селективно и премногу претпазливо, со крајна грижа да не навредат моќни институции, влади или медиумски корпорации – дури и кога молчењето значи соучесништво.

Кога самите стануваат мета на говор на омраза или јавна критика, нивната реакција ретко е принципиелна. Наместо тоа, прибегнуваат кон корпоративен модел на контрола на штетата: умилкување, повлекување или нејасни изјави што треба да го ублажат ударот и да избегнат понатамошни напади или јавна проверка на нивната работа.

Во најголем дел, тие ефективно се помируваат со центрите на моќ наместо да ги предизвикаат – зајакнувајќи ги токму тие наративи кои ги дискредитираат граѓанските и прогресивните иницијативи. Повеќе внимаваат да не предизвикаат некаков вид одмазда, отколку што ја вреднуваат вистината, а одржувањето на брендот им е поважно од моралната позиција.

Во поглед на изградбата, одбраната и прифаќањето на демократските вредности, демократските актери покажуваат разочарувачки резултати – особено кога станува збор за различноста, инклузијата и универзалната примена на човековите права. Тие зборуваат во флоскули – празни фрази и помодарски зборови. Прават сè за да ги избегнат непријатните вистини и не реагираат со храброст или интегритет на клучните и моралните прашања на нашето време.

Со сето тоа, тие оставаат празнина – лесно и брзо исполнета од авторитарни центри на моќ кои виреат врз основа на популистичката реторика и нудат заводливи, поедноставени одговори на комплексни општествени проблеми. Додека демократските актери цупкаат во место и се самоцензурираат – послушниците, националистите и милитантите газат и громогласно врескаат.

Во меѓувреме, светот се урива – од агресијата на Русија врз Украина, ужасот на етничкото чистење во Газа, масовното кршење на човековите права низ Јужна Америка и крвавите конфликти низ Африка. А над сето тоа, светот се тресе од грмотевиците на растечкиот авторитаризам.

Овие самопрогласени бранители на демократијата, пак, само шепотат – повлекувајќи се во суета, процедурализам и елитизам, додека светот е во грч, во недостаток од храброст на клучни места.

Отсуството на содржина, солидарност и храброст кај овие елитистички структури не ги прави само неефикасни, туку ги прави дел од проблемот. Тоа ја предизвикува ерозијата на доверба, ја ослабува демократијата и ги остава општествата ранливи на манипулација, страв и авторитарна контрола.

Би сакал да не сум во право.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа

Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.