Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН: Во образованието нема место за политички игри, одлуката на Општина Тетово не е во најдобар интерес на идните средношколци

0
By Ivana on February 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката на Општина Тетово не е во најдобар интерес ниту на идните средношколци од градот, ниту на бизнис-заедницата која покажа подготвеност да се вклучи во проширување на концептот на дуално образование, соопшти Министерството за образование и наука реагирајќи на одлуката на Општина Тетово да го откаже денешниот настан во рамки на дијалогот на МОН за унапредување на средното стручно образование и креирање на уписната политика за идната учебна година, на кој требаше да биде домаќин и таму да присуствува  ресорниот министер Јетон Шаќири.

-Ниту една измислена причина не може да ја затскрие политичката позадина на ваквата постапка на градоначалникот на општина Тетово. Чекорот е погрешен, бидејќи во образованието нема простор за политика и за правење обиди за собирање политички поени. Во образованието фокусот се и мора да бидат учениците, наставниците, студентите, професорите и нивните најдобри интереси. Напорите на МОН  за модернизација на средното стручно образование и негово прилагодување на потребите од стручен кадар на локално ниво, не секаде се добронамерно сфатени и најдобро прифатени. Класичен пример за тоа е денешната одлука на општина Тетово да го откаже настанот организиран по овој повод кој беше однапред договорен како дел од поширока агенда за дијалог со бизнис-заедницата и сите локални самоуправи во државата, а поддржан од проектот „Образование за вработување“ и од Амбасадата на Швајцарија, наведува МОН во реакцијата.

Министертството укажува дека одлуката на Општина Тетово не е во најдобар интерес ниту на идните средношколци од градот, ниту на бизнис-заедницата која, како што посочува, покажала подготвеност да се вклучи во проширување на концептот на дуално образование и обезбедување  добри услови за практична обука и квалитетно стручно усовршување и подготовка на младите тетовци за брз и успешен настап на пазарот на трудот.

–Во иднина разумот мора да надвладее, бидејќи носителите на политички функции имаат обврска да работат и служат во интерес на граѓаните. Откажаниот настан од страна на општина Тетово ќе се одржи во некој од следните денови и веруваме дека градоначалникот ќе биде добар домаќин на средбата со претставниците од МОН, Швајцарската амбасада и локалната бизнис-заедница, наведува Министерство за образование и наука во реакцијата.

Општина Тетово денеска информираше дека е откажан настанот со Министерството за образование и наука со објаснување дека тоа е поради непочитување на функцијата градоначалник.

Соопшти дека  пред да почне настанот најавен за 10 часот,  требало да има средба помеѓу министерот Јетон Шаќири и градоначалникот Билал Касами во 9 часот, но кога се јавиле дали пристигнала делегацијата им било речено дека нема да дојдат на средбата. Непочитувањето на градоначалникот на Општина Тетово, беше соопштено, значи непочитување и на сите граѓани кои живеат во градот. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.