Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН воведува нов предмет за основците во веќе започната учебна година

0
By Томе Христов on September 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за образование и наука го воведува како задолжителен предметот Иновација и претприемништво, иако веќе една недела тече наставата во основните училиштата. Наставниците кои ќе држат настава по овој предмет допрва ќе се обучуваат.

Според наставната програма испратена од Министерството за образование и наука од областа предметот „Иновации“ во деветто одделение од основното образование има статус на редовен предмет со фонд од 36 часови годишно.

Наставничкиот кадар од ОУ „Сандо Масев“ со кој НОВА разговараше велат дека ќе се зголеми бројот на часови на учениците, а наставниците кои не се подготвени се уште немаат учебници за истиот предмет.

Денеска на состанок со советниците во Бирото за развој на образование во Струмица на директорите од основните училишта им било кажано дека овој предмет треба да биде вметнат во програмата од 1 септември, а директорите да утврдат кои наставници ќе предаваат по истиот. Инаку претходно во нормативот за наставен кадар стои дека настава по овој предмет може да држи наставник со завршени студии по економија, односно со завршена обука(сертификат) за иновации и претприемништво.

Од основните училиштата покрај многуте забелешки се пожалија дека дополнителните часови по предметот нема да бидат платени и дека самите треба да се снаоѓаат за материјали кои пак можеле да се најдат во наставната програма за средните училишта.

НОВА побара одговор од МОН зошто е вметнат нов предмет кога веќе е започната школската година и на кој начин наставниците ќе држат настава без учебници и допрва ќе се обучуваат за предметот Иновации и претприемништво. Одговор не добивме.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.