Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Моника Зајкова за ЦивилМедиа: Доста беше од теми кој со кого ќе коалицира, повикувам да работиме на политики и решенија за стабилна државата и задоволни граѓани

0
By Zoran Ivanov on October 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По однос околу настапите на наредни избори секоја партија си одлучува во рамки на партиските тела и органи за тоа, кога ќе дојде време за одлука за изборен настап“, изјави Зајкова за ЦивилМедиа.

Џабир Дерала

По објавата за излегувањето на ЛДП од коалицијата со СДСМ во повеќе медиуми вчера вечерта, претседателката на партијата, Моника Зајкова за ЦивилМедиа изјави дека „ставот за настапот на ЛДП во Парламентот беше соопштен во месец мај“, кога таа јасно истакна дека партијата ќе настапува независно во Парламентот. Впрочем, ЛДП и во минатото настапуваше самостојно во Парламентот, без оглед на тоа дали е во опозиција или е во состав на владејачка коалиција, како што беше случај со прашањето на данокот во 2018 година. Тогаш, ЛДП не го поддржа законското решение на тогаш владејчката коалиција предводена во СДСМ за воведување прогресивен данок во земјата.

На прашањето за разликите меѓу ЛДП и СДСМ, Зајкова одговори дека е „сосема нормално партијата да има идеолошки различни ставови и политики од оние на другите партии, вклучително и на коалициониот партнер СДСМ“.

ЛДП е самостоен политички субјект со либерално-демократска идеологија и е сосема нормално да има идеолошки различни ставови и политики од оние на другите партии, вклучително и на коалициониот партнер СДСМ, бидејќи првично, имаме како што напоменав различна идеологија, а оттука и програма и мерки на чие остварување работиме и тоа не е нешто ново, изјави Зајкова за ЦивилМедиа.

На прашањето дали во ЛДП се разгледува можноста за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, Зајкова не одговори конкретно, но е категорична дека партијата „ќе продолжи да дејствува со свои предлози и со поддршка на она што смета дека е добро за граѓаните и државата“.

Доста беше од теми кој со кого ќе коалицира или како ќе настапува. Повикувам да работиме на политики и решенија за стабилна државата и задоволни граѓани. Ставот за настапот на ЛДП во Парламентот беше соопштен во месец мај од страна на партијата, по одлука на највисоките партиски тела. ЛДП ќе продолжи да дејствува со свои предлози и со поддршка на она што смета дека е добро за граѓаните и државата, вели Зајкова во разговорот со ЦивилМедиа.

За настапот на изборите, претседателката на либералдемократите вели дека таа одлука ќе биде донесена од партиските тела „кога ќе дојде време за одлука за изборен настап“.

„По однос околу настапите на наредни избори секоја партија си одлучува во рамки на партиските тела и органи за тоа, кога ќе дојде време за одлука за изборен настап“, изјави Зајкова за ЦивилМедиа.

Моника Зајкова ја предводи Либералдемократската партија од ноември 2022 година. Само четири жени се претседателки од четириесетина активни политички партии во земјата.

По изборот за претседателка на ЛДП, Моника Зајкова изјави дека во нејзиниот мандат „може да се очекуваат повидливи политики со кои ќе се подобри животот на граѓаните“.

„

 

Не сакаме популизам и лажни ветувања за работи кои не можат да се имплементираат, туку мали и јасни иницијативи што водат кон конкретни чекори кои ќе значат подобрување на животот и условите во државата, изјави тогаш Зајкова.

Меѓу бројните иницијативи на ЛДП, спаѓа и онаа во октомври 2022 година, кога партијата поднесе иницијатива за донесување Одлука на Владата за употреба на локалните топоними за населените места во Украина на украински јазик, со нивна транслитерација на македонски јазик. Таква одлука не беше донесена.

За измените на Уставот, Моника Зајкова своевремено изјави дека за ЛДП не е спорен влезот на Бугарите во Уставот, а најави дека партијата ќе предложи и влез на еврејската заедница. Партијата сè уште ги застапува истите позиции.

Зајкова беше потпретседателка на ЛДП до 2022 и го наследи Горан Милевски кој партијата ја водеше од 2015 година.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.