НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мораме да се симнеме од мртвиот коњ што го јаваме

0
By Zoran Ivanov on November 3, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првата тура пратенички прашања ме охрабри затоа што покажа дека вмро-дпмне нема идејна, морална, кадровска и политичка супстанца со која може да се конституира како реална власт. Тие нѐ доближија до свеста за тоа дека коњот со кој галопираме во погрешен правец, е мртов.

Бранко Тричковски

Македонецот е Индијанец на кого не му текнува да го смени мртвиот коњ што го јава!

Коњот се вика вмро!

По осми мај го гледав пулсирањето на црвенилото на хоризонтот десетина минути по зајдувањето на сонцето…

Силуетата на Македонија како планина зад која исчезна.

Како мртов вулкан.

Па го читав Енцесбергер во поемата за трагедијата на „Титаник“, односно за соочувањето на луѓето со смртта.

Првата тура пратенички прашања ме охрабри затоа што покажа дека вмро-дпмне нема идејна, морална, кадровска и политичка супстанца со која може да се конституира како реална власт.

Тие нѐ доближија до свеста за тоа дека коњот со кој галопираме во погрешен правец, е мртов.

Или е жив, но во фаза во која секој одговорен каубој би го убил со истрел од својот револвер.

Можеме да бидеме и помодерни во метафорите: Бензинот на кој вози вморонската кола нема ниту десет октана. Подобро и побрзо ќе се движат на мочка. Од алкохол-најдобро. Затоа секогаш треба да танкираат на пумпата на Мицко петрол.

Како сијалица се која свети со 0,1 ват. Децата на верните и тажно обезгордени вморони мораат да учат на газиени ламби и свеќи.

Нивниот Сивоња е бик без муда.

Слон без сурла.

Лав без грива.

Сите се посрани!

Ко фудбалска екипа која на стадионот собрала 500.000 души и се плаши дека нема да добие овации ако на теренот серат, наместо да даваат голови.

И, навистина, никој ниту еднаш да плесне со валканите рачички.

Опортунизмот ги тера најбесрамно да ја продолжат политиката на сдсм и дуи, а партискиот идентитет и температура што ја постигна кај масата од козарски и пиперевски патриоти, ги тера да се тепаат, да даваат отпор или да глумат отпор и кавги, да прават потемкинови села од политика која може да го смири членството и гласачката машинерија.

Уставни со одложено дејство.

Блаблабла!

Не на диктатите!

Прво трудноќа, па ејакулација!

Хахаха!

Апсења – тајната лозинка за отворање на срцето на Македонецот.

Љубопитноста е загубена по беспаќата на историската стварност (Туѓман) – резултатите на нивната мисија, кои, за жал, не се мали, почнаа да го јадат авторот.

Македонците претворени во вморони не се употребливи за ништо освен за митинзи. Но, без старата енергија. Кутлеш е у курац, Северна е легализирана и како лушпи од кока секое утро ја џвакаат додека одат во град да јадат говна на кафанските терси против предавникот од Муртино.

Битката против Татарите привршува со бавча во која секој миг никнува по некоја нова Бугарка или Бугарин.

На лидерот не му текнува дека работите што му ги префрла на Апасиев за финансирање од Северна Македонија, до пред три месеци служеа за да го заебаваат него и неговите, битката во корист на еден фалсификуван сертификат на својот прв контраразузнавач, ја води со папка во која собрал наводно фалсификувани сертификати на поранешни директори, демек на дуи и сдсм. Без да му текне дека тоа е многу глупаво и во однос на сертификатите и во однос на поткапацитираноста на првиот агент кој не бил во состојба за себе да обезбеди валиден фалсификат како вистински агент.

Џејмс Бонд кој  мисли дека „мартини“ е црвенобела врвка што се закачува на реверот.

Нацијата никогаш не била позагрозена особено затоа што во бескрајните кампањи на вмро е оглупавена и сега е на нивото под хомо сапиенсот. Но и на тоа ниво почнаа да испаруваат малиганите на вмровската брља. Тоа што уште некое време ќе ги држи во тоа трло не е надежта во обединета и македонска Македонија, без клетите Шиптари и Татарите кои ќе ни кажуваат што сме биле, туку срамот дека биле со идиоти кои ги дрогирале и им рекле дека треба да си ја запалат куќата.

Но, и тоа ќе помине.

Се разбира по цена на годините кои тие ни ги изедоа како скакулци.

Македонија е осакатена, но и вмро е болно.

Тешко болно. Во безизлезна позиција е. Ако ја води Македонија напред кон Европа, тие знаат дека таму кај што е новата историска лиценца за Македонија се гробиштата на организациите кои ги згазило времето и историјата.

Ако тапка во место, ќе се фосилизира.

Неверојатни работи се случуваа.

Венко беше многу добар во утврдувањето на идејните промени кај вмро кои го доведуваат во прашање легитимитетот на новата власт. Таа е избрана за да го поништи Преспанскиот договор и додавката Северна затоа што лидерот тврдеше дека тие претставуваат врвно велепредавство и институционално демакедонизирање на Македонија. А сега за тие акти зборува како за брилијантни дела на дипломатијата. Се разбира таа промена е добра за Македонија, но не е добра за легитимитетот на власта и, второ, добра е затоа што води кон девмровизирање на вмро односно до шкопење на неговиот антимакедонизам.

Практично, да ослободување на Македонија од вмро што во моето разбирање значи ослободување на Македонецот од себе и од Македонија како најтешка задача.

Останува, се разбира, проблемот со уставните промени како последна брана на антимакедонизмот и идиотизмот. Идејата за одложено важење е идеја за нерешавање на проблемот со потенцијал да предизвика одредени симпатии кај глупаците.

Сеедно, јас останувам на тезата дека е потребно редефинирање на конфликтот. Вмро мора да ја добие вистинската дефиниција независно од популарноста односно, имено, поради неа. Дефиниција на фактор кој нѐ кочи и гуши. По дефиниција. Закономерно. Значи, не нужно со нечии одлуки. Не случајно. Процесите на хомогенизирање на Македонците околу таа опција се смртоносни. Во тоа не треба да има никакви дилеми.

Текстот е сопственост на Фронтлајн.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.