Русија реши да ги протера американските дипломати како одмазда за протерувањето од Вашингтон на 12 членови на руската дипломатска мисија во Обединетите Нации на почетокот на март, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„Нотата со список на американски дипломати кои се прогласени за непожелни лица е предадена денеска, 23 март, на службеник на американската мисија кој беше повикан во руското Министерство за надворешни работи, се наведува во соопштението.