Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ: Изборите поминаа во мирна атмосфера со одредени тензични ситуации

0
By Влатко Чаловски on April 14, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека гласањето за претседателските избори на 13-ти април помина во мирна атмосфера со изолирани тензични ситуации и релативно висока излезност на граѓаните.

– Сепак, фактот што видливото мастило лесно се отстрануваше, беше причина за поголем број издржани реакции од страна на јавноста и гласачите. Ваквата појава несомнено имаше влијание врз довербата на гласачите во изборниот процес, вели извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов.

Покрај мастилото, како индиректен притисок врз гласачите, набљудувачите на МОСТ посочуваат дека на одредени избирачки места, избирачките одбори ги читале имињата на гласачите на глас, а забележани се и случаи на евидентирање на гласачите.

Бројот на гласачи кои се пријавиле за гласањето еден ден пред 13.април изнесува 7.386, што според МОСТ претставува нереално висока бројка.

– Што се однесува до текот на овој вид гласање, генералната забелешка е дека во поголемиот дел од случаите не била почитувана тајноста на гласањето и ИО не ја познавале доволно процедурата за спроведување на ова гласање, соопшти Алексов.

Тој напомена дека од набљудувањето кое започна на 1.февруари, се водело и предвремена кампања, посочувајќи го примерот со кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов.

МОСТ забележува и дека во кампњатите, некои кандидати употребувале реторика својсветна за парламентарните избори. Односно, ветувањето на изградба на патишта, делење субвенции, кои се вон надлежност на претседателската функција.

Во однос на работата на Државната изборна комисија, забележана е намалена транспарентност при нивната работа, односно 14 од вкупно 38 седници биле одржани без присуство на медиумите и овластените набљудувачи, а во текот на работењето, се забележува дека членовите на ДИК, расправите ги употребувале за партиски пресметки.

Тој ги повтори резултатите добиени од ПВТ програмата за паралелно пребројување на гласовите.

Одѕивот на гласачките места бил 49,64%. Процентот на неважечки ливчиња пак 2,78%. Од важечките ливчиња, гласовите за претседателските кандидати се распределени на следниот начин:

1. Ѓорге Иванов – 53,14%
2. Илјаз Халими – 4,5%
3. Стево Пендаровски – 38,78%
4. Зоран Поповски – 3,58%

Изборниот ден од првиот круг од изборите за претседател на Македонија, МОСТ го следеше со 580 набљудувачи, притоа покривајќи над 15% од вкупниот број на избирачки места.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.