Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МПС: Јакнење на кривично-правната и прекршочната заштита на овластените службени лица

0
By Ivana on November 12, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонски полициски синдикат (МПС) оценува дека е повеќе од неопходен процесот на јакнење на кривично-правната и прекршочната заштита на овластените службени лица, со посебен акцент на кривичните дела и прекршоци сторени против полициските службеници.

– Како синдикат сметаме дека поразителни се податоците кои секојдневно пристигнуваат до нас како синдикат, воедно и секојдневно слушаме преку медиумите за нападите врз полициските службеници од страна на граѓаните. Скоро во сите такви случаи, тие се поддржани од Невладиниот сектор, кој пак експресно излегува пред јавноста со нивни пристрасни информации и толкувања, каде постојано наведуваат како по шаблон …дека се прекршени човековите права, дека се пречекорени овластувањата, со што веќе однапред се осудени полициските службеници, непочитувајќи ја презумцијата на невиност, игнорирајќи ја истрагата итн…, вели меѓу другото во денешното соопштение претседателот на МПС, Марјан Кицев.

МПС, стои во соопштението, итно сака да иницира јавна дебата околу ова прашање, на која ќе бидат поканети судии од сите судски инстанци, Јавни обвинители, Народниот правобранител, адвокати, непосредни раководители кои издаваат наредби за постапување од МВР, АР,АНБ и УФП, полициски службеници кои дирекно работат на терен и секојдневно се среќаваат со проблемите, преставници на невладиниот сектор, медиумите.

На панел дебатата, најавуваат, ќе бидат поканети и преставници од Советот на Европски Полициски Синдикати, преставници од братските синдикални движења во Шпанија, Италија, Португалија,Кипар, Романија, Германија, Грција, Франција , Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.