Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обезбедени дополнителни 284,9 милиони денари за нови 1.216 вработувања преку Оперативниот план за вработување

0
By Ivana on November 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Министерството за труд и социјална политика обезбеди дополнителни 284,9 милиони денари за нови 1.216 вработувања, кои ќе бидат реализирани преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување.  

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница на предлог на Министерството за труд и социјална политика, го разгледа и прифати ревидираниот Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година. Во ревидираниот Оперативен План се имплементирани дополнителните средства во износ од 284.960.000 денари, обезбедени со Буџетот на Република Северна Македонија.

Целта е да се зајакне пристапот до активните политики за пазарот на труд, особено за нискоквалификувани невработени лица и лица од ранливите категории. Ова е предвидено со Акциски план за реализација на препораките од заедничките заклучоци од Економско – финансискиот дијалог од јули 2021 година.

Од вкупно предвидените средства, 36.900.000 денари се наменети за Програмата 1, односно за поддршка за самовработување (претприемништво) за дополнителни 115 самовработувања; 153.750.000 денари за мерката за субвенционирање на плати со што ќе бидат дополнително опфатени 674 невработени лица.

Обезбедени се средства и за имплементација на новата пилот мерка за субвенционирање на плати во текстилниот сектор за 300 невработени лица во висина од 73.800.000 денари, како и 15.289.200 денари за мерката вработување и раст на правни субјекти за 127 дополнителни вработувања.

Со овие измени и дополнувањата во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот обезбедуваме вработување на нови 1.216 невработени лица,  преку програмите за вработување.

Министерството за труд и социјална политика со своите стратешки приоритети и цели во континуитет креира и имплементира ефикасни политики на социјална инклузија и  политики за вработување.  Целта е да се обезбеди подобар и побрз пристап на различни  ранливи категории на невработени лица   на пазарот на трудот во Република Северна Македонија.

Со Оперативниот план во 2021 година се опфатија околу 12 илјади невработени лица, преку 8 различни видови на програми во рамките на кои се содржани и одделни мерки.

До ноември реализирани се 85% од Оперативниот план за 2021 година и во наредниот период ќе се интензивира неговата имплементација.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.