НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МТСП за малолетниците што собираат отпад во Шуто Оризари вели случаите на злоупотреба да се пријават во подрачното одделение за социјална заштита, Шуто Оризари нема пријавено ниту еден

0
By Sashko on August 19, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Редакцијата на „Зелен ЦИВИЛ“ вчера се обрати до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за коментар или образложение на изјавата на раководителот на Одделението за животна средина во Општина Шуто Оризари, Георги Клинчаревски, за праксата малолетник да изнесува отпад на запрежни коли и да не се знае каде завршува тој отпад.

„Според Законот за социјална заштита, кај малолетно лице се поставува старател доколку лицето е без родители и родителска грижа или родителите се спречени да го вршат родителското право. На подрачје на Општина Шуто Оризари има подрачно Одделение за давање на права и услуги од областа на социјалната и детска заштита и во случај на сомнеж дека некое дете е злоупотребено треба истото да биде пријавено во подрачното одделение. По добиената пријава стручниот тим ќе ја утврди фактичката состојба и ќе постапи согласно Законот за социјала заштита“, одговорија од МТСП на прашањето на ЦИВИЛ дали се запознаени со праксата во Шуто Оризари за ангажирање малолетници за транспорт на отпад.

Во својата изјава Клинчаревски на панелот на „Зелен ЦИВИЛ“ „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“ вели дека: „Еколошката свест на населението е на ниско ниво. На нив им е полесно да најдат некој малолетник. Кантите со отпад, да ги фрлат во кола со коњи и тоа дете ги носи некаде. Малолетник, а според Законот за малолетници ние не смееме да интервенираме. Треба да има старател, не можеме него да го казниме. Исто и полицијата.  Има и такви случаи кои ние не можеме да ги решиме“.

Во телефонски разговор со Клинчаревски побаравме коментар за одговорот на МТСП и го прашавме дали некогаш во било која прилика пријавиле случај каде малолетник бил искористен за пренос на отпад.

Клинчаревски потврди дека подрачното Одделение за социјална и детска заштита функционира, работи, но досега не пријавиле ниту еден случај. Најголемиот проблем е што не можат да ги легитимираат децата, ниту да дознаат за нивните старатели или родители. Проблемот е што граѓаните се кријат меѓу себе и кога и да прашаат велат дека не ги познаваат. Клинччаревски вели дека имаа тројца комунални редари кои работа до 16 часот, па е тешко да се детектираат ваквите случаи во попладневните и вечерни часови.

Клинчаревски рече дека и редарите и градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, ќе ги запознае со одговорот од МТСП и ќе гледаат да ги анулираат ваквите случувања во иднина.

Биљана Јордановска/greencivil.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.