Како официјална членка на ЕБУ, Македонската радио телевизија смета дека видео записот комплетно изработен од „Егзит Б“ Продукција, не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно претставување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од истиот, кој поради програмската најава за директниот пренос на 27 февруари, мораше да биде емитуван изјавуват од јавниот сервис за „Дневник“.
МРТ децидно тврди дека : ниту го постирала , ниту го одстранила спорниот видео запис од било која веб-страна на Интернет.
Како носител на лиценцата за евровизискиот проект, МРТ ги има сите права за корекции и промени на комплетниот национален Евровизиски пакет, се до крајниот термин : 18 ти март 2013 та година , кога истиот треба да се предаде на ЕБУ.
Попладнево спотот за песната „Империја“ беше повлечен од Јутјуб.