Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го поздрави апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој ноќеска беше фатен од американската војска во Каракас и ќе му се суди во САД.
Ја поздравуваме објавата на претседателот Доналд Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата. Исто така сакам да го пофалам државниот секретар Марко Рубио за неговото лидерство во соочувањето со нарко-криминалната мрежа на режимот на Мадуро. Одговорноста е важна. Стоиме со САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија, напиша Муцунски на социјалната мрежа Икс.
По неколкумесечни тензии во регионот, Доналд Трамп утрово објави дека САД го заробиле Николас Мадуро откако беа изведени напади на повеќе места во земјата. Мадуро е на пат за САД, каде што против него веќе се покренати обвиненија поврзани со дрога и оружје.




