Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека полицијата има информации каде се наоѓаат осомничените во собраниските настани, но се чека распишување потерница за да може да постапува.
Полицијата чека распишување на меѓународни потерници за уште петмина учесници во собраниските настани од 27 април, рече министерот за внатрешни, посочувајќи дека за дел од нив, МВР има информации каде се наоѓаат.
Инаку, МВР денеска доби донација од Чешка, 45 возила во вредност од околу милион евра. Најголем дел од нив се наменети за граничната полиција.

