Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР откри македонско – бугарска организирана криминално – дилерска нарко група

0
By Mirjana on March 30, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска поднесе  кривична пријава против П.Т. (66) од Скопје, Б.Т.  (36) и А. Т.  (34), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3  од Кривичниот законик.
П.Т. (66) бил  приведен денеска како дел од меѓународна криминалистичка истрага во рамки на која  Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка со Одделот за борба против организиран криминал на Р.Бугарија и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), сузбија македонско-бугарска организирана криминална група, при што на 10.02.2022 во Софија, Р. Бугарија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги, информираат од МВР.
Од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани. Б.Т. и А.Т. од Скопје. Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори. Истовремено на територијата на Република Северна Македонија при претрес на дом, пронајдени и одземени се прекурсори од II и од III категорија контролирани супстанци во Законот за прекурзори, кои се користат во нелегално производство на повеќе видови дроги, како и други хемиски супстанци неопходни за зголемување на масата на одредени дроги. Во текот на денешниот ден (30.03), на територија на РСМ приведен е и П.Т..

Б.Т. и А.Т. ,како дел од поголема меѓународна криминална група, а со цел стекнување на противправна имотна корист на територија на Р.Бугарија  конкретно Софија инсталирале нелегална лабараторија за производство на синтетички дроги амфетамин, метамфетамин и екстази и потоа неовластено произведената синтетичка дрога ја продавале на територија на Р.Бугарија, а дел од истата транспортирале во РСМ, каде била преземана од страна на П.Т. заради понатамошна продажба. Лицето лишено од слобода во текот на денешниот ден ќе биде изнесено  пред судија на претходна постапка, за кого од страна на Јавен обвинител од ОЈО до Основниот кривичен суд во Скопје е поднесен предлог за одредување на мерка притвор.

Во меѓународна акција разоткриена македонско-бугарска организирана криминално-нарко група
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.