Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во текот на вчерашниот ден, во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје, биле изречени 134 мерки, меѓу кои 68 за возење над дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци на мотоциклистите, итн.
„Изречени се две мерки за користење мобилен телефон, 21 санкција за возење под дејство на алкохол, четири за нерегистрирани возила и други“, соопштуваат од МВР. Оттаму потенцираат дека ќе продолжат со засилените акциски контроли.„Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, апелираат од МВР до граѓаните.