Голема полициска акција се одвива во моментов на три локации во скопско, Арачиново, Радуша и Нерези. Полицијата апси криминални групи кои тргувале со дрога, пренесуваат дел од медиумите.
Акцијата почнала рано утрово а трае и во моментов. Досега се запленети кокаин и марихуана а се апсат и наркодилери, наведуваат неофицијални информации.
Од МВР потврдуваат за акцијата која е во тек а детали ќе објавеле по нејзиното завршување.