МВР соопшти дека три лица се наоѓаат во Ургентниот центар, а едоно лице е приведено за вчерашниот инцидент што се случил околу 21 часот на бул.Крсте Мисирков на постојката кај 26-ти Јули во автобус на ЈСП бр. 50.
Според полицијата, повеќе лица нападнале и патниците кои биле внатре во автобусот.
Инциднетот започнал на горниот кат од автобусот каде што настанала тепачка, која потоа продолжила и на долниот кат од автобусот. Едно од лицата учесник во тепачката го фатил воланот на шоферот и предизвикал сообраќајка односно автобусот удрил во приватен автобус бр.20. Откако биле отворени вратите од автобусот, лицата продолжиле со тепачката на самата постојка, но по пристигнувањето на полициските службеници лицата се разбегале во различни правци.
МВР и натаму работи на целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесници во насилството.

