Милион муслимански верници од целиот свет се собраа денеска во светиот град Мека, во Саудиска Арабија, за да ги извршат почетните обреди на хаџ, откако пандемијата на корона вирусот значително го ограничи пристапот до едно од најголемите муслимански светилишта во последните две години.
Оваа година хаџ е дозволен за еден милион странски и домашни аџии кои се целосно вакцинирани против корона вирусот, негативни на Ковид-19 и се на возраст меѓу 18 и 65 години, пренесува Асошиејтед Прес.
Властите проценуваат дека 85 отсто од верниците кои пристигнале во Мека се од странство.