Документарниот филм „Интервју за Игор” посветен на животот и делото на актерот Игор Маџиров ќе биде промовиран на фан-страницата на Фејсбук, на тринаесетгодишнината од неговата прерана смрт на 20 февруари.
Документарниот филм „Интервју за Игор” (детето со црвената коса) е инспириран од животот, делото и смртта на актерот Игор Маџиров. Снимен е во соработка со неговите пријатели, колеги и со дозвола на семејството Маџирови.
Генерации деца од Македонија го паметат струмичанецот Маџиров од тв-серијалот „Во светот на бајките“, а останаа забележани и неговите бројни улоги на театарските штици и на ТВ екраните. Неговиот живот заврши трагично, со самоубиство во 2000 годинa.