НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На кој јазик можеме да се разбереме?

0
By Zoran Ivanov on November 21, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Останува секојдневната комуникација на граѓаните меѓу себе. Овде стрпливо мора да се работи на основата за тоа. Важна е довербата и меѓусебното почитување па полесно ќе се најде јазикот на кој ќе се прави тоа. Ако е казнето човештвото од Господа за своите гревови со поделбата на јазиците на кои говори , колку треба да трае покајанието па да се влезе во чистилиштето.

 Војо Маневски      

„ …кога Господ виде дека луѓето почнаа да се одалечуваат од својот основен лик им ги измеша јазиците и од тогаш луѓето зборуваат на различни јазици и се мачат да се разберат“

Не сум сигурен дека точно ја пренесов реченицата од библијата ама мислам дека таква била постапката на творецот. Јас извлекувам заклучок дека уште од тогаш луѓето имаат потреба не само да кумуицираат меѓу себе туку и имаат потреба да се разберат што точно велат и кој им  се намерите.  Да ги раководиш треба или да им ги знаеш намерите или меѓусебно да не ги усогласат.

Ние сме библијска земја, велат историчарите и изледа не сме многу напреднале од тие правремиња. Кај нас јазиците на комуникација меѓу она што остана од народите кои живеат овде се пречка за разбирање.

Деновиве повторно сме пред разни најави за дестабилизација поради можната одлука на Уставниот суд за законот за употреба на јазиците. Во основа, проблемот е во различното разбирање на суштината на државата и нејзиното функционирање. Македонците сметаат дека сите други, на кои македонскиот јазик не им е мајчин, треба да го познаваат бидејки тој е службен јазик и со неговото непознавање се нарушува унтарниот карактер на државата. Албанците сметаат дека и македонците треба да го учат албанскиот јазик бидејки тие се голема заедница и нивниот јазик е исто службен јазик. При тоа не се води сметка дека во оваа држава има и други народи кои имаат и свои јазици и тие не треба да се чувствуваат дискриминирано.

Политичките партии ова дебело го користат бидејки кога се работи за чувства најлесно се манипулира со нив. По дефиниција кога се зборува за чувства рационалноста како метод не помага.

Овде треба да ги оставиме настрана секојдневните комуникации на субјектите во економијата каде јазикот е низ бројки и степен на профит. Криминалците немаат проблем на комуникација зошто и кај нив некои друи вредности имаат предност.

Останува да се најде решение за комуникацијата меѓу граѓаните и институциите на државата каде треба да се постигне висок степен на рамноправност.

Идејата за овој текст ми се наметна низ разговорот со експертите од Комората за информатичка технологија кои размислуваат во сферата на своите знаења и сметаат дека решение за еднаквост на раѓаните пред најголем дел од државните орани постои но е потребно серизоно да се прејде на вистинска дигитализација на системот во државата. Вештачката интелегенција нема да е опасност за човештвото доколку е ставена во функција на неговиот економски но и социјален развој.

Според експертите за дигитална технологија постојат добри дигитални решенија кои овозможуваат секој граѓанин на свој јазик да направи барање за потребниот документ, а системот му испорачува она што го барал на обрзац кој го пропишува законот и на јазикот на кој странката го бара. Освен  ова, дигитализацијата значи правење на фајл за секој граѓанин и ако се отчука неговиот матичен број веднаш се појавуваат сите негови лични документи . Ова е опција за секој граѓанин доколку му се потребни личните документи а целиот систем треба да функцинира интегрално и на секој орган на државата кога му се потребни документи од друг орган преку системот ќе може да ги добие. Со ова се избегнуваат чекањата на разни потврди и дозволи. Органот кој го издава конечното решение ќе ги има сите потребни документи без странката да се ангажира околу поднесувања на барања и стоење на шалтери.

За операционализација на ваков систем според познавачите е потребно околу половина година и уште една половина најмалку да се поправат грешките кои ќе се појават. Освен информатичари ќе бидат потребни и правници и лингвистичари кои целиот систем ќе го доведат на ниво кога ќе биде лесна комуникацијата меќу граѓанинот и државните органи.

Употребата на јазикот при судските процеси исто може преку дигитализација да се поедностави со автоматско преведување на списите на јазикот кој го бараат странките или нивните застапници. Ако е потребно овде може да се интервенира и во законските решенија.

Ако дигитализацијата на целиот систем доведе до разбирање и равноправност на граѓаните пред државните органи, цената за ваквииот систем никогаш нема да е превисока ако се земе сегашната состојба на постојана недоверба и јазична нерамноправност меѓу граѓаните.

Може да се пресмета и колку ги чинат граѓаните таксите при вадењето на разните потврди , изводи и др документи. А колку чинат платите на службениците кои сега тоа го работат а граѓаните не се задоволни од услугата? Да не споменувам дека со ваквиот дигитален систем понизноста на граѓаните како поданици на државните органи се менува квалитативно.

Кои би биле пречките во воспоставување на овој систем. Како и сѐ во оваа држава ќе се наиде на кај нас нужната политичка волја. Партиите ќе загубат едно широко поле каде со чувствата на граѓаните ќе можат да манипулираат. Ќе изгубат моќ за вработување на свои лепачи на плакати и други активисти кои за друга работа и не сѐ способни освен да седат по канцеларии и шалтери и издаваат некави документи. Ќе се потребни ИТ инженери кои ќе го одржуваат целиот систем и кои ќе мора да бидат добро платени. Таквите експерти не се многу заинтересирани за партиски активности а и кога се дел од таква структура тие тешко се раководат според партиски директиви.

Добро, знам дека ќе ни недостасуваат „љубезноста и насмевката“ на шалтерските работници и канцелариските посетители на своите работни места, ама таква загуба ќе поднесат граѓаните. Во основа се менува односот кон државните органи . Место колективни односи на поединечните национи ќе добиеме поединечен однос на секој граѓанин кон органите на државата.

Останува секојдневната комуникација на граѓаните меѓу себе. Овде стрпливо мора да се работи на основата за тоа. Важна е довербата и меѓусебното почитување па полесно ќе се најде јазикот на кој ќе се прави тоа. За крај, ако е казнето човештвото од Господа за своите гревови со поделбата на јазиците на кои говори , колку треба да трае покајанието па да се влезе во чистилиштето. Дали современата информатичка и сајбер наука и вештачката интелегенција е чистилиште на човештвото пред да се врати кон сопствената суштина на божје створение по божјиот лик.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.