НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Косово останаа само политичарите

0
By Нова ТВ on February 7, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Репортажа на Лавдим Хамиди и Албан Селими од «Зери» кои го следеа патот по кој од Косово си заминуваат млади луѓе и цели семејства.

Не можете да верувате дека тој има само 16 години. Изгледа постар. Овој млад човек од Батлава до Подујево, во една торба ги собрал сите негови работи и облеката која ќе му биде потребна за време на патувањето. Надвор температурите се под нулата но тешко е да се каже дали неговото лице е црвено од студот или тагата што ги напушта своите родители кои се болни и се обидува да стаса во Унгарија преку Србија.

Тој точно не знае која е неговата дестинација но знае дека не сака да остане во Косово. Ардиан Б. не бара ништо друго освен подобар живот за себе и за своето семејство. Подобар живот кој на Косово, кое наскоро ќе слави 7 години независност, не може да го најде.

“Тажен сум поради моите родители. Болни се и без рабoта. Немаме никаков приход. Денес сите сме тажни, и тие и јас”, вели момчето додека од лицето му се чита незадоволство секогаш кога зборува за својот живот во Батлава на брегот на езерото.

Тој заминува со двајца други момци од Гњилане. “Ќе пробаме да најдеме решение. Тројца сме и ќе биде тешко”, објаснува Ардиан. За нив е важно да стасаат во Србија која за нив е портата кон Европа. Свесни се дека ќе мораат да платат 7.500 евра доколку властите ги фатат како илегално одат во Европа. “Какви казни? Баш ни е гајле. Ако не фатат, барем во затвор има за јадење”, вели Ардиан.

Еден слаб човек со црна коса објаснува шепотејќи што треба да прават во Белград: “Ќе ве чекаат. Објаснете само дека ќе продолжите…. И договорете се за цената”. Автобусот на Ерхан Транс тргнува. На разделбата сите плачат. Семејствата со деца имаат приоритет во автобусот. “Овде нема ништо. Мораме да си одиме, со години сме без работа… Мора да се најде решение”, објаснува една постара жена.

На автобуската станица во Гњилане има се повеќе патници за Прешево и Бујановац во Србија. Исто како и понудите и тарифите на таксистите од Прешево. Зад станицата се преговара за патот до Суботица. Таксистите бараат 300 евра по човек или 1000 евра за четворица. Други се качуваат во такси или автобус за Прешево и Бујановац и продолжуваат кон Србија и границата со Унгарија.

Секоја вечер околу 21 часот автобуската станица во Бујановац е полна со луѓе. Автобусот за Белград и Суботица тргнува во 22.15 часот. Автобусите на Ниш Експрес се преполни. Жените и децата седат а мажите стојат во текот на сите 600 км што ги чекаат.

На станицата во Бујановац една плава жена разговара на два телефони. Таа е “привилегирана”. Има пристап до канцелариите на станицата. Велат дека таа има врска и овде и во Суботица. Таа добро зборува српски, не им обрнува внимание на Косоварите и седнува до шоферот. Патот до Суботица чини 28 евра.

Пред тргнувањето една патрола на српската полиција одеднаш се појавува и тргнува во контрола на личните документи. Сите патници покажуваат “бела хартија” која докажува дека се Косовари и дека имаат право да останат една недела во Суботица.

Сите тврдат дека одат во посета на семејствата. Еден постар човек од едно албанско село на југот на Србија, Тернок, објаснува дека некои влегуваат илегално преку граничните села Берзница и Доброшин и дека добиле документи во полицијата дека легално влегле откако платиле 50 евра на посредници. Во Бујановац хотелите се преполни но луѓето остануваат само по една ноќ. Сите сакаат што е можно побрзо да стасаат во Војводина и унгарската граница.

По 10 часа пат доаѓаме во Суботица. И тука почнува вистинската трагедија.

Групи на шверцери од Косово, Прешево и Србија се во Палиќ. Според жителите шверцерите си завршуваат работа без да се грижат за полицијата која е индиферентна бидејќи Косоварите го продолжуваат патувањето.


Патот на егзодусот

«Не знам дали остана некој во Косово освен политичарите. Сите доаѓаат во Палиќ. Мислам дека поради сиромаштијата тоа им е единственото решение», вели еден жител на Палиќ од унгарското малцинство.

Овие “мултиетнички” шверцери ги користат хотелите вили од езерото Палиќ. Тука Косоварите спијат една ноќ а потоа пешки илегално ја преминуваат српско-унгарската граница.

На влезот на вилата Лира “организаторите” прашуваат прво дали ќе останете една ноќ и потоа го подготвуваат преминот на границата. Собите се валкани, хигиенските услови минимални. Една ноќ чини 15 евра. Се слушаат само гласовите на децата. Постарите имаат наредба да не прават врева.

Зад вилата Лира се паркирани неколку коли со локалните регистрации, две од други региони на Србија, црн мерцедес со косовски таблички што велат му припаѓа на некој шверцер. Вечерта шверцерите се среќаваат со клиентите во ресторанот на вилата и ја објаснуваат стратегијата за илегално преминување на границата. Секој мора да плати 250 евра за да ја мине унгарската граница. Вечерва во вилата има 90 лица. За да ја минат границата ги делат во групи од 20 до 30 луѓе.

Шверцерите се убедени дека нема да има никаков проблем со српската полиција од која Косоварите се плашат. Знаат дека ќе бидат притворени за 72 часа доколку ги фати унгарската полиција и ќе добијат наредба веднаш да ја напуштат земјата или пак да одат во центар за азиланти.


Унгарија

“Ако ве фати унгарската полиција, а не верувам дека тоа ќе се случи бидејќи добро го знаеме патот, таа може да ве држи само 72 часа во притвор и потоа ве пушта. Тогаш треба веднаш да се фати воз за Виена а не да се оди во центар за азиланти. Но, вие сте тие што ја донесувате таа одлука”, објаснува еден од организаторите.

Во 2014 година 35.000 луѓе барале азил во Унгарија. Од нив 12.500 се само за месец декември а половината се од луѓе од Косово.

Поради овој голем пораст на бројот на азилантите, косовската влада одлучи да основа Таск Форс на високо ниво за да се сопрат “илегалните движења на граѓаните на Косово”. Според владата, “порастот на илегалната имиграција мора да сопре бидејќи тоа може да го доведе во опасност значајниот процес на либерализација на визниот режим”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.