Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Крф се евакуираат спасените патници и членови на екипажот од запалениот траект, се бараат евентуални исчезнати

0
By НОВА ТВ Balaban on February 18, 2022 РЕГИОН
Foto Printskrin
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Капетанот околу 4.30 часот ги информирал дека треба веднаш да ги напуштат нивните кабини, да се соберат на палубите, по што со елеци за спасување биле пренесени и евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на крајбрежните служби

Спасените патници и членови на екипажот од траектот што се запали додека пловеше од Грција за Италија, се пренесуваат на грчкиот остров Крф, каде што ќе се пребројат, регистрираат и идентификуваат, а паралелно во тек е истрага за евентуални исчезнати лица, јави дописничката на МИА од Атина.

На траектот имало вкупно 290 лица, 239 патници и 51 член на екипажот, а грчките медиуми објавија дека постојат информации за околу десет исчезнати лица, односно станува збор за лица кои се наоѓаат на листата патници, но не се во чамците за спасување,  без тоа да значи дека со сигурност се качиле на траектот и без да постои официјална потврда.

Сепак, точниот број на спасени, евентуалниот број на исчезнати, ќе биде познат откако сите патници ќе се пренесат на Крф и ќе заврши процесот на идентификација.

Според сведоштвата на патниците за грчките медиуми, капетанот околу 4.30 часот ги информирал дека треба веднаш да ги напуштат нивните кабини, да се соберат на палубите, по што со елеци за спасување биле пренесени и евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на крајбрежните служби.

Од грчката крајбрежна служба соопштија дека утрово биле информирани за пожар на една од палубите на траектот „Euroferry Olympia“ што плови под италијанско знаме и додека се наоѓал во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса и пловел од Игуменица за Бриндизи.

– Според официјалната евиденција на екипажот и патниците што ги достави капетанот на бродот во Игуменица, пред неговото поаѓање, на „ Euroferry Olympia“ имало 239 патници и 51 член на екипажот. Во тек е акција за спасување и транспорт на патниците на бродот. Целосната регистрација и идентификација на патниците ќе се изврши на Крф, рече Никос Лагадианос од грчката крајбрежна служба.

Додаде дека во морскиот дел во близина на траектот се четири патролни бродови и еден спасувачки брод на грчката крајбрежна служба, чамец на италијанска економска полиција, два брода што се во близина, два приватни чамци, четири хеликоптер, од кои два од военото воздухопловство и по еден од крајбрежната служба и воената морнарица, а се очекува да пристигне и една фрегата, како и реморкери.

Причината за пожарот на траектот засега не е позната.

Крф се евакуираат спасените патници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.