АКП на Ердоган ги загуби сите поголеми градови на локалните избори во Турција вклучително и најголемите Истанбул и Анкара. На изборите излегле повеќе од 61 милион гласачи .
Турската демократија ја докажа својата зрелост. Овие избори за нас се пресвртница, а не крај. Секој гласач победи, без разлика дали гласал за нас или не, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по изборниот дебакл.
Ердоган нагласи дека неговата влада има уште четири години централна власт, време во кое ќе работи да ги исправи своите грешки.