Њујорк: Десет лица се повредени во масовно пукање во њујоршкиот кварт Квинс доцна на Нова година, соопшти њујоршката полиција на брифинг со новинарите рано во четвртокот.
Шест жени и четворица мажи се меѓу повредените во инцидентот пред клубот „во средата доцна навечер и се очекува сите да закрепнат, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил кога тројца-четвориаца мажи отвориле оган врз толпата надвор од клубот „Amazura“.
Полицијата ја исклучи можноста за терористички напад.