На првото полуфинале на изборот за песна на Евровизија, вечерва со почеток во 21 часот, од балканските земји, во трката влегуваат претставниците на Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора. На втората полуфинална вечер на 16 мај ќе настапат Грција, Романија, Бугарија и Македонија.
Кој ќе победи во финалето на 18 мај? Според моменталната ситуација во обложувалниците , најдобро котира Грција -14.место, Србија би го освоила 16. место, а потоа следат Унгарија на 22. место, Хрватска – 23. место, Романија – 25. место, Словенија би го освоила 28. место, Црна Гора – 29. место, Албанија би го зела 33. место Бугарија би дошла на 36. место, а Македонија, според обложувалниците, би го освоила 39. место на Евросонг.